Албанија доби подарок од САД шест оклопни возила „хамви“

Министерство за одбрана на албанија денеска ги доби првите шест од 248, оклопни воени возила „хамви“, кои САД ги донираа во рамките на помошта на официјален Вашингтон за албанската армија во вредност од 12 милиони долари.

Албанија е еден од четирите сојузници на НАТО во Европа, кои ќе добијат вакви модерни возила. Владата на САД е определена да ја зајакне вашата способност како сојузник на НАТО, со што албанската армија ќе има целосно модернизирана пешадиска единица која ќе биде оперативна до 2019 година, истакна амбасадорот на САД во Албанија, Доналд Лу.

Возилата „хамви“ можат да бидат опремени со тешки и лесни митралези и минофрлачи. Можат да развијат максимална брзина од 125 километри на час, а тешки се шест тони и имаат автономија на движење од 443 километри.

Advertisement