Албанија досега има набавено над 1,75 милиони вакцини, имунизирани се над 1,24 милиони граѓани

Во Албанија пристигна нова пратка од 56.160 дози од вакцината Фајзер, со што досега пристигнати се вкупно 1.755,570 вкацни, објави на Фејсбук премиерот Еди Рама. Тој упати апел до граѓаните што побрзо да се вакцинираат во најблискот пункт за вакцинација или во здравствените домови. Уште 56.160 вакцини Фајзер се додаваат на количината на антиковид вакцини, со што бројот на набавени вакцини достигна 1.755.570. Покана за секој граѓанин да го искористи месецот за отворена масовна вакцинација: Вакцинирајте се што е можно поскоро во вашиот здравствен дом или во најблиската пункт за вакцинација. Заштитете го здравјето и животот, напиша Рама.

Наведува дека досега во земјата аплицирани се 1.248.205 вакцини и потсетува дека со националната стратегија предвиден е опфат на 2,2 милони граѓани. Што се однесува до епидемиолошката состојба, во последните десет дена се зголемува бројот на новозаразени на дневно ниво а по подолг период последните два дена има и по еден починат ковид пациент. Како што информираше Министерството за здравство во последното деноноќие потврдени се 139 нови случаи од направените 4.232 тестови. Активни на болеста се 876 од нив 29 се лекуваат болнички. Во земјата и понатаму во сила е полициски час од полноќ до 6 часот наутро.