Албанија е завеана со снег, покривката до 40 сантиметри

Албанија е покриена со снег, а од понеделник ќе има краток прекин на наставата во училиштата. Покривката е до 40 сантиметри, а од понеделник температурите ќе паднат до -17 степени. Премиерот Еди Рама преку објава на Фејсбук потенцира дека неуморно се работи со цел патиштата во завеjаните подрачја да бидат проодни.

Потешка е состојбата во планинските области каде според министерството сите патишта се непроодни, поради високата снежна покривка а областа е и без електрична енергија. Без електрична енергија се делови во Елбасан и Кукс. Ноќеска е исчистен автопатот Руга е Арбрит (патот на Арбр) Пешкопеја-Тирана, кој вчера беше затворен за сообраќај. Претходно, беше најавено дека ќе има поларен студ.

Advertisement