Албанија формира национална авиокомпанија

Албанија со помош на „Туркиш Ерлајнс“ ќе формира национален авиопревозник кој ќе го носи името „Ер Албанија“, а со работа ќе започне во 2018 година.Премиерот на Албанија Еди Рама лично бил вклучен во формирањето на авиокомпанијата и најави дека ќе се воспоставуваат летови од Тирана до Скопје, Подгорица, Приштина, Сараево и Загреб.

Нашата цел е да основаме албански превозник. Многу сум му благодарен на претседателот на Турција и на извршниот директор на „Туркиш Ерлајнс“, што ни обезбедија таква скапоцена помош. Блиску сме до финализирање на проектот и се надевам дека наскоро ќе започнат првите летови, изјави Рама.