Албанија го протера амбасадорот на Исламската Република Иран

Албанија одлучи да прогласи за непожелни и да протера амбасадорот и еден дипломат од амбасадата на Исламската Република Иран за кои се сомнева дека се вклучени во активности кои се закана по безбедноста во земјата. Веста, ја потврди и портпаролката на албанското Министертво за Европа и надворешни работи.

Според портпаролката, одлуката била донесена „во консултација со сојузничките земји, поради нивната активност во Албанија, во спротвност со нивниот дипломатски статус”. Неофицијални извори изјавиле дека оваа одлука е резултат на соработката со партнерските и израелските тајни служби за да се избегне инцидент за време на фудбалскиот натпревар Албанија – Израел во Скадар, што требаше да се одржи во рамки на Лигата на нациите.

Во тоа време постоеја информации дека водачот на џихадистите Албанци во ИД, Косовецот, Лавдрим Мухаџери и други терористи планирале терористички напад врз израелските фудбалери. Во врска со ова повеќе од 20 лица беа уапсени во Албанија и Косово. Поради тоа натпреварот кој првично требаше да се одигра на стадионот во северниот град Скадар, во ноември 2016 година, се одигра на стадионот во Елбасан.

Advertisement