
Министерката за здравство и социјална заштита на Албанија, Албана Кочиу, денеска оствари средба со нејзиниот колега од Македонија, Арбен Таравари.
На средбата беше потпишан договор за соработка меѓу Националната агенција за лекови и медицински помагала на Албанија и Агенцијата за лекови и медицински помагала на Македонија.
Министерката Кочиу преку објава на социјалните мрежи објави дека на оваа средба таа и нејзиниот колега од Македонија се заложиле за продлабочување на соработката меѓу Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија и Министерството за здравство на Македонија.
Овој договор, според неа, има за цел зајакнување на соработката во областа на здравството меѓу двете земји.
„Задоволството од денешната средба со колегата од Македонија, Арбен Таравари, со кого се заложивме за продлабочување на соработката меѓу Министерството за здравство и социјална заштита на Албанија и Министерството за здравство на Македонија, со цел зајакнување на соработката во полето на здравството меѓу нашите земји“, пишува Кочиу.
„На денешната средба го потпишавме договорот за соработка помеѓу Националната агенција за лекови и медицински помагала на Албанија и Агенцијата за лекови и медицински помагала на Македонија.
Ова партнерство ќе гарантира соработка во областа на квалитетот, безбедноста и ефикасноста на лековите и медицинските помагала како и во областа на институционалниот развој со цел да се заштити јавното здравје и да се обезбедат квалитетни и еднакви услуги за нашите граѓани“, продолжи Кочиу.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden