Албанија ја промовира туристичката понуда преку платформата TEA и на македонски јазик

Туристичката платформа TEA им овозможува на посетителите од целиот свет полесно да ги откриваат туристичките атракции, културните настани и различните туристички доживувања низ Албанија.

Според објавата на Visit Albania, платформата е достапна на 12 јазици, меѓу кои и македонскиот, со што се олеснува пристапот до туристичките информации за посетителите од Македонија.

Оваа иницијатива претставува чекор кон поголема достапност на туристичката понуда на Албанија, унапредување на дигиталната промоција и зајакнување на туристичката комуникација со меѓународните посетители.