Албанија ја прославува 105-годишнината од својата независност

Денеска Албанија ја одбележува 105-годишнината од прогласувањето на својата независност. Во Валона, градот каде што се одржа централната свеченост на која присуствуваа и претседателите на Албанија и Косово, Илир Мета и Хашим Тачи, премиерот на Албанија, Еди Рама, како и сите министри од кабинетите на владите на Албанија и Косово. Премиерот на Косово.

Албанскиот премиер Еди Рама во својата празнична честитка нагласува дека 28 ноември е историски ден за сите Албанци. На 28 ноември пред 105 години е прогласена албанската независност и е подигнато албанското национално знаме од страна на Исмаил Кемали.

„Во Валона воедно сме за да ја прославиме заедно со претседателите на Албанија и Косово, Мета и Тачи, и годината на албанскиот национален херој Скендербег, а оваа година навршуваат 55о години од неговата смрт“, рече албанскиот премиер.

Рама говореше и за обединувањето на Албанците. Тој нагласи дека сонот на обединувањето треба да биде во ЕУ бидејќи многу е битна активноста на политиката, а не на емоциите. По повод албанскиот национален празник, свечености се одржани и во Тирана, како и во сите други градови во земјата.