Албанија ќе произведува муниција за НАТО

Во воениот погон во Мјекс,кај Елбасан заврши демонтирањето на застарената муниција и набрзо тука се очекува да почне новата линија за прозводство на муниција за НАТО. Министерката за одбрана Олта Џачка, во тој погон симболично го демонтира последнот куршум.

Ги преземаме последните чекори за да конкретизираме една многу значајна инвестиција,со компанија која е лидер во Европа за прозводство на оружје и муниција за земјите членки на НАТО. Оваа инвестиција е многу значајна бидејќи многу семејства од оваа област тука ќе ја обезбедуваат својата егзистенција, рече Џачка.

Според Џачка станува збор за инвестиција вредна 25 милиони долари и во погонот, во прва фаза, ќе бидат вработени најмалку 150 лица. Инаку овој погон ја носеше најголемата тежина во процесот на демонтирање на муниција, при што во периодот од 2009 година досега тука се демонтирани 26 илјади тони муниција.

 

Advertisement