Албанија од денеска ќе почне со постепено олеснување на дел од рестриктивните мерки

Пчнувајќи од денеска ,опсегот на  движење  за граѓаните  ќе  се прошири од  час  и  половина на два часа одржувајќи ги безбедносните параметри на социјална дистанца, со што ќе се прошири можноста за вршење основни услуги во подолг временски период

Од  денеска ќе почнат со работа и дел од бизнисите на кои ќе им биде дозволено дејноста да ја обавуваат од 5:00 до 17:30 часот со исполнување на одобрените протоколи, обезбедување на задолжителни хигиенско-санитарни услови и почитување на социјална дистанца за да се гарантира безбедноста на граѓаните и вработените.

Ќе им се овозможи да работат продавници за облека, за текстил, за чевли и производи од кожа, продавници за мебел, предмети за домаќинство, цвеќари, продавници за миленичиња и нивните намирници во специјализирани продавници, такси–служба , за електронска опрема, детски играчки, спортска опрема, телекомуникациска опрема.