Албанија: Од досегашната проценка 1.183 урнати обејкти, 558 стамбени згради со големи оштетувања 

Се прошири мапата на оштетувања,како и на погодените области, од катастрофалниот земјотрес што Албанија ја погоди утрото, на 26 минатиот месец. Последните податови од досега звршената проценка говорат дека целосно се урнати 1.183 објекти,главно индивидуални куќи,повеќе стамбени згради и хотели,додека 558 стамбени згради се со големи оштетувања. Што се однесува до погодените околии, освен Драч, Тирана и Лежа се и Пешкопеја, Кукс, Фиер, Елбасан и Берат, што значи осум од вкупно 12 околии.

Од податоците до денес на пладне, регистрирани се 1.183 урнати куќи (1.050 во околија Драч, 131 Тирана, две во Пешкопеја), 5.497 со големи и 3.520 со помали оштетувања.Што се однесува до стамбените згради 558 се со големи и 335 со помали оштетувања. Штети има и во деловни објекти, така што само во Тирана беа утврдени 146, потоа во јавната инфраструктура со 28 оштетени училишта, два здравствени центри и 15 електрични кабини, изјави Ровена Вода, заменик министер за внатрешни работи. Додаде дека евакуирани се 3.224 лица, во хотели се сместени 1.961,во шатори 964,во социјални центри 867,во семејства 2.525 лица. Вода рече дека со несмален интензитет продолжува тековната работа на инспекција на сите штети на објекти од страна на локални и меѓународни тимови во погодените околии.

Голема благодарност до нашите партнери и сите наши меѓународни пријатели, на групата од 55 експерти од  Македонија, Грција, Турција, САД, ЕУ, Швајцарија, и Франција, кои им се придружија на 74 албански експерти. Би сакала да соопштам дека денес им се придружија уште 30 инженери од Косово, со што вкупниот број достигна 159, посочи Вода. Таа соопшти дека со соодветна механизација урнати се 17 објекти,од нив 9 во Драч и 8 во Туман