Албанија вакцинира над 53 отсто од планираната популација  

Со процесот на вакцинација против Ковид-19, што под мотото „Албанија се насмевнува“ почна на 11 јануари во оваа  земја опфатени се 53,1 отсто од планираните 2,2 милиони граѓани. 

Со националната стратегија планирано е до средината на следната година да бидат вакцинирани 2,2 милиони граѓани. До сега вакцинирани се 1.168.308 лица од нив две дози примиле 512.625. Масовната вакцнација продолжува во вакциналнте пунктови, во здратсвените установи, а непречно се одвива  вакцинацијата преку мобилните екипи, инфомираше Огерта Манастирлиу, министерка за здравстсво. 

Додаде дека пристигнала нова пратка вакцини Астра Зенека, донација од Хрватска и оти очекуваат нови количини  од други компании врз основа на договори. 

Добивме пратка од 20.000 дози вакцина Астра Зенека, благодарение на поддршката на хрватската влада. Со 1.699.410 вакцини што пристигнаа досега и други количини што ги очекуваме, од планраните 4,4 милони дози,  ние сме одлучни да го реализираме националниот план за вакцинација, да го заштитиме животот и здравјето на секој граѓанин, порача Манастирлиу. 

Соопшти дека месец август ќе биде „отворен месец“ за вакцинација на граѓани +18 години и упати апел, посебно до студентите за што помасовен одѕив,пред почетокот на новата академска година. 

Во меѓувреме во земјата од минатата недела се регистрираат двоцифрени бројки на заразени(во просек по 35) а се зголемува и бројот на хоспитализирани, додека пред два дена имаше  починат ковид пациент по период од еден месец.

Advertisement