Албанија: Во село Јуб по катастрофалниот земјотрес распукала земјата во должина од неколку километри се чувствува мирис на гас (ВИДЕО)

 

По катастрофалниот земјотрес што Албанија ја погоди утрото на 26 ноември, ситуацијата во селото Јуб,кај Драч, не изгледа нормална. Земјата распукала во должна од неколку километри. Мирисот на гас сè уште се чувствува. Површината на земјата е покриена со глина.

Видовме силен пламен непосредно по земјотресот кој беше со јачина од 6,4 степени и почувствувавме силен мирис на гас низ целата област. Земјата е распукана од нашето село па се до близина на Ѓири и Лазрит (Заливот на Лазрит), велат жители на селото. Во некои делови саздадениот канал е во широчина од еден метар а длабочината е до 20 метри.

Низ целото село се гледаат длабоки дупки а земјоделските површини се покриени со глина. Сеуште се чувствува мирис на гас поради што жителите се преплашени. Тие бараат во селото да дојдат стручни лица за да го објаснат овој феномен.