Албанија забрани одење пеш после 18 часот

Бројот на заразени во Албанија со коронавирус се искачи на 51. Деветмина од тестираните во последните 24 часа се позитивни на тестот на пандемијата.

„Од потврдените позитивни случаи, во Драч има 5 случаи, во Тирана 34, во Лушња 2 случаи, во Елбасан 2, во Фиер 6 и во Рогожина 2. Од нив 20 се хоспитализирани на Инфективната болница од Тирана, Драч, Фиер и Рогожина. Три лица се на интензивна нега, од кои едно лице е на респиратор“, Мира Ракацоли, заменик министер за здравство на Албанија.

Иако сè уште нема прогласено вонредна состојба, Албанија спроведува строги мерки за да го спречи ширењето на коронавирусот. По привременото затворање на границите со соседните земји, од денеска забрането е пешачење по 18 часот и стапуваат во сила казни за пешаците и за оние кои ќе седат во парковите или на други отворени места низ цела Албанија.

Advertisement