
Членовите на Комисијата за правни работи, јавна администрација и човекови права на албанското Собрание, со подршка на ОБСЕ, на покана на пратеникот Васил Стерјовски кој потекнува од општина Пустец, беа во посета на оваа општна кад се сретнаа со градоначалникот Пали Колефски и неговите соработнци. Ова е првпат парламентарна комисија на албанскиот законодавен дом да ја посети општина Пустрец. На средбата стана збор за положбата на припадниците на македонската заедница во општина Пустец, нивната интеграција и предизвивиците со кои се соочува општината. Градоначалникот Колефски ги покрена прашањата кои се поврзани со условите за живот, немањето на вода за пиење и канализација, лошата патна инфраструктура, малиот буџет кој општината го добива од централната власт. Директорот на гимназијата, Трајан Ванѓеловски, го покрена прашањето за недостигот на учебници по предметите кои што треба да се оджуваат на македонски јазик.
За проблеми кои се покренаа на ова средба ќе подготвиме извештај како комисија и ќе бараме од надлежните институции решавање на овие проблеми. Сакам посебно да ја нагласам најголема почит за македонската заедница во Албанија, која е мирољубива, достоинствена и трудољубива. Пратеникот Васил Стерјовски е најдобриот адвокат на македонската заедница во албанското Собрание,рече Улси Мања претседател на комисијата, додавајќи дека македонската заедница е мост на соработка меѓу Албанија и Македонија. Васил Стерјовски се заблагодари на колегите за нивната посета на општина Пустец.
Проблемите кон ги слушнавте во општина Пустец редовно сум ги покренувал во Собранието но друго е кога пратениците доаѓаат да видат одблиску, да се запознаат со условите за живот во општина Пустец која е запоставена во последните 30 години. Со мало внимание од централната власт општина Пустец ќе стане пригодно место за живеење, рече Стерјовски. На средбата прсуствуваше и потпретседателката на албанскиот парламент Василика Хиси, која што е Гркинка по потекло а својот Фејсбук профил после посетата напиша: “Живовописно место со одлични можности за развој на туризмот е Пустец во Преспа, населено со македонското малцинство. Правната комисија оствари средба со раководството на општина Пустец. На состанокот се разговараше за интеграцијата на македонското малцинство, образованието на мајчин јазик, промовирање на традицијата и културата, зајакнување на капацитетите за силна општина”.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden