Албанската опозиција продолжува со протести

На денешниот, 24-ти ден, од протестите на албанската опозиција, лидерот на најголемата опозициска сила Демокатската партија, Љуљзим Баша порача дека на плоштад ќе останат се додека не си замине премиерот Еди Рама и неговата „корумпирана влада“. Коментирајќи ја смената на четворица министри во Владата, Баша рече дека останува и понатаму барањето на демократите  а тоа е “гарантирање слободни и фер избори преку техничка влада со широка политичка поддршка“.

Опозиција ќе има света улога на контрола и ограничување на власта на новото мнозинство,преку институционалните права,преку Парлемент кој ќе функционира, преку Уставот кој овозможува контрола и реален баланс на власта, вистинско претставување на граѓаните – изјави Баша.

Опозицијата протестите ги почна на 18 февруари со барање формирање техничка влада,која ќе спроведе слободни и фер избори. Во спротивно таа најави бојкот на парлемантарните избори закажани за 18 јуни.