Албанската полиција заплени 204 килограми марихуана на пат кон Црна Гора

 

Над 204 килограми марихуана, која требало да биде прошверцувана на територијата на Црна Гора заплени албанската полиција во рамки на акцијата „езеро“  Дрогата е запленета во близна на Скадарско Езеро, при што уапсено е лицето М.К (33) од селото Нов Штој, додека по Д.Б.(35) од Скадар, се уште се трага.

Врз основа на информациите и оперативната полициска работа во врска со дејствувањето на криминална група која шверцувала марихуана од Скадар во Црна Гора, денеска, во раните утрински часови, спречен е шверц на 204 килограми марихуана. Во акцијата запленети се и две моторни возила „Ланд Ровер“ и автомобил марка мерцедес, четири мобилни телефони, како и средства за пакување на наркотичното средство, стои во соопшштенето од Регионалниот полциски комесаријат во Скадар.

Истрагата продолжува за индентификација и апсење и на други лица вмешани во оваа криминална активност. Во изминатите денови големи количества марихуана внесена од Албанија се запленти во Грција и во Италија. Пред два дена италијанската полиција заплени околу два тона мархуана прошверцувана од Албанија.

Advertisement