Алкалоид достапен и во Монголија

Производите на „Алкалоид“ кои се наменети за најмладите од неодамна и на подалечните пазари. Станува збор за продукти кои се од сегментот додатоци на исхраната, и со кои компанијата го прошири своето портфолио.

Компанијата се пофали со новиот успех, со слоганот „Becutan KIDS VITS освојува нови пазари!“, информација што веќе ја споделуваат на социјалните мрежи.

– Отсега, нашиот добро познат бренд е достапен и во Монголија. Со четирите производи од сегментот додатоци на исхрана, Алкалоид го проширува своето портфолио и го зацврстува присуството на овој пазар.

Остануваме посветени да го понудиме најдоброто за најмалите! – пишува во објавата на „Алкалоид“.

Фото: Принтскрин/Инстаграм