Алтин Тола назначен за администратор на админстративната единица Острени областа Голо Брдо

Алтин Тола, Македонец од село Накамен што се ноаѓа меѓу село Мало Острени (Малестрени) и Големо Острени областа Голо Брдо е назначен за администратор на админстративната единица Острени, областа Голо Брдо. Наименуван е со решение на градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала. Административната единица Острени всушност е некогашната општина Острени, која беше укината со законот за територијална поделба, опфаќа дванаесет села кои сега потпаѓаат под општина Булќиза.

Ова е одговорна функција, бидејќи сите надлежности околу функционирањето на амдинистратвната единица се на администраторот. Просторно сме во објектот на поранешната општина, сите протории се функционални и се сместени службите за социјална заштита, урбанизам како и други служби.

На првата средба со новите администратори на админстративните единици во општина Булќиза, градоначалникот Ала, побарал да се посвети посебно внимание во реализација на предвидените проекти што се во интерес на сите жители.