Амбасадата на САД во Тирана објави видео зошто треба да се формира специјална структура против организиран криминал

Американската амбасада во Тирана објави уште едно анимирано едукативно видео, објаснувајќи им на граѓаните зошто треба да постои новата институција Специјална структура против корупција и организиран криминал (СПАК) и како таа функционира. Видеото е објавено на официјалниот профил на Фејсбук на американската Амбасада. Се наведува дека „недопирливите“ повеќе нема да можат да ги корумпираат судиите и обвинителите, бидејќи тие повеќе нема да бидат назначени од политиката или од луѓе со личен интерес. СПАК ќе ги гони случаите на корупција на највисоко ниво.

СПАК – Специјална структура против корупција и организиран криминал е нова уставна институција чија задача е да истражува и кривично да ја гони корупцијата, организираниот криминал и да ги расветлува кривичните дела извршени од страна на службени лица на високо ниво, се наведува во видеото. Се објаснува дека СПАК се состои од два дела: Специјално обвинителство кое се состои од обвинители и Национално биро за истраги кое се состои од истражители. Исто така се дава и одговор на прашањето зошто е потребна СПАК.

Во стариот судски систем, корумпираните ностели на високи функции и шефовите на организиран криминал беа „недопирливи“ затоа што корумпираните или под закана судии и обвинители не ги изведоа пред лицето на правдата. Преку пари, врски, политичка припадност и заплашување, овие судии и обвинители беа ранливи на политичко влијание и корупција. Ова го направи невозможно гонењето на корупцијата. Цената ја плати целата земја, се наведува во видеото на амерканската Амбасада.

Амбасадата претходно објави две анимирани едукативни видеа. Во првото, дава објаснување за значењето на процесот „ветинг“, а во второто, на граѓаните им објаснува како се врши избор на судии за Уставниот суд и како функционира оваа институција.

Advertisement