Амбасадорката Ким побара од ЦИК мерки за спречување купување и манипулација со изборните гласови 

На 100 дена од парламентарни избори во Албанија, закажани за 25 април, американската амбасадорка Јури Ким,побара од Централната изборна комисија, (ЦИК) да ги превземе сите мерки и активности да се спречи купување и манипулација со гласовите.

ЦИК треба да ги преземе сите можни мерки, не само за да се овозможи кривично гонење на непочитувањата, туку прво да се спречат тие , вклучително и со спроведување на мерки за спречување на купување гласови и манипулација со гласовите,рекла Ким. На попладневната средба со претседателот на комисијата Илирјан Целибаши таа искажала целосна подршка за значајната улога на комисијата во обезбедувањето слободни и фер избори.

За време на средбата, американската дипломатка ја истакнала потребата за навремено и ефикасно спроведување на биометриската идентификација и другите потребни мерки. Потсетувајќи на своето писмо до лидерите на политичките партии од 31 август, таа ја потсети ЦИК на нејзината одговорност да обезбеди кандидатите да бидат во согласност со албанскиот закон.

Таа ја нагласи поддршката од нејзната земја за исполнување на барањата на албанскиот народ за почиста политика, почнувајќи од најчистите политичари. Во врска со ова, таа спомена дека државниот секретар на САД јавно посочил одредени лица за голема корупција и оти тоа останува во сила, пренесува Ора њуз телевизија. Посочила дека САД остануваат непоколеблив поддржувач на Албанија и албанскиот народ во напорите за подобра демократија, поуспешни лидери и подобра иднина.

Advertisement