Амбасадорот на Република Македонија во Албанија ја посети општина Пустец, Мала Преспа

Амбасадорот на Република Македонија во Албанија, Данчо Марковски беше во посета на општина Пустец, Мала Преспа. Амбасадорот Марковски се сретна со преставници на локалната власт и со наставнот кадар од гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“, при што донираше книги за библотеката на оваа средношколска установа. Професорите од гимназијата го посочија недостигот на учебници на македонски јазик и побараа од амбасадорот обезбедување на учебници по предметите што со закон во Албанија се дозволени да се изучуваат на македонски јазик.

Тие се пожалија и на лошите услови во училиштето за кон премиерот Еди Рама при ланската посета заедно со премиерот Зоран Заев во Пустец ветил дека многу набрзо ќе го одобрел проектот за реконструкција на училиштето, но оти сеуште нема ништо од тоа. Исто така наставниците побараа од амбасадорот да се овозможи ескурзија во Македонија на учениците од Пустец со цел да ја запознаат нивната матична земја. Општина Пустец опфаќа девет населени места. Во Пустец функционира гимназијата и деветолетка, кои работат во ист објект. Уште една деветолетка функцнонира во селото Долна Горица, додека во останатите функционираат подрачни училишта до четврто одделение.

Advertisement