Антивладини демонстранти се судрија со полицијата во Тирана (ВИДЕО)

Анти-владини демонстранти во Тирана ги пробија полициските кордони и се обидоа да го нападнат албанскиот парламент за време на денешниот голем митинг предводен од опозицијата.

Полицијата употреби солзавец и водени топови за да ја растера толпата, во која имаше многумина подготвени со гас-маски. Бесната толпа фрлаше камења и чадни бомби кон полицијата и се обиде да ги отстрани „барикадите“ претходно поставени пред парламентот.

Лидерот на Демократска партија, Лулзим Баша, го предводеше марш до канцеларијата на премиерот Еди Рама, каде што полицијата веќе беше позиционирана. Кратко потоа, толпата се пресели пред парламентот, каде што дојде до судири на полицијата и демонстрантите. Лидерите на опозицијата објавија дека планираат да блокираат улици околу Парламентот неколку дена, во обид да ја соборат владата на премиерот Рама.

Пред денешните демонстрации, западните сојузници на Албанија ја критикуваа опозицијата во дозволувањето на насилството на протестите и побараа демонстрантите да покажат воздржаност. Опозицијата и нејзините поддржувачи ја повикуваат владата да се повлече и да се одржат предвремени избори. Тие го обвинуваат режимот на Рама за корупција, тврдејќи дека влада е „заробена од криминал“.

 

Advertisement