Арбен Кинѓи од Шиштеец областа Гора е новиот началник на Генералштабот на албанските вооружени сили 

Бригадниот генерал Арбен Воке Кинѓи од село Шиштеец областа Гора е новиот началник на Генералштабот на албанските вооружени сили. Тој доаѓа на местото на генерал Бајрам Бегај, кој оваа функцја ја напушти во почетокот на јуни, кога беше предложен а потоа и избран за претседател на Албанија.  

Предлог за назначување на ова функција на генерал Кинѓи достави премиерот Еди Рама до претседателот Бегај, кој попладнево потпиша уредба.

Во 2020 година, Арбен Кинѓи беше унапреден од тогашниот претседател Илир Мета со чин бригаден генерал, додека моментно ја извршува функцијата командант на баталјонот за поддршка во Генералштабот на вооружените сили. 

Бригадниот генерал Арбен Воке Кинѓи извршувал и други должности како што е военото аташе на Република Албанија во Романија. Претходно бил командант на Воената полиција и командант на контингентот во повеќе мисии во Авганистан и Ирак. 

Advertisement