Атина и се закани на Тирана: Ако сакате во ЕУ, затворете ја устата за Чамите

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска упати закани на адреса на Албанија во врска со подршката на Атина за членство на Албанија во ЕУ. „Албанија треба да ја затвори устата околу прашањето за Чамите ако сака да биде членка на ЕУ“, изјави Павлопулос за време на посетата на грчките вооружени сили во Лариса. Претседателот на Грција оваа закана ја упатил многу отворено, со цел Тирана да го премолчи прашањето за Чамите , за кое шефот на албанската дипломатија Дитмир Буѓати изјави дека веќе е отворено во преговорите со Грција.Весникот нагласува дека во време кога се започнати преговорите помеѓу Атина и Тирана околу надминување на крупните прашања помеѓу двете земји, Павлопулос изјавува дека прашањето за Чамите не постои. „Албанија не треба да го покренува таканаречено прашање од времето кога беше притутен фашизмот во Грција“, рече Павлопулос. Владата во Тирана упати критика по изјавата на грчкиот претседател нагласувајки дека прашањето за Чамите постои, додека медиумите во Тирана изјавата на Павлопулос ја оценија како „долевање бензин на огнот“ во време кога Тирана и Атина водат преговори за значајни прашања.

Advertisement