Author Archives: Весник Илинден

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана оствари средба со претседател на Советот на национални малцинства на Народното собрание на Република Српска

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на 18.07.2017 година оствари средба со Весна Темелкоска – Вуковиќ претседател на Советот на национални малцинства на Народното собрание на Република Српска. На средбата претседателот на Македонско друштво ”Илинден”- Тирана, го информира претседател на Советот на национални малцинства на Народното собрание на Република Српска за активностите на друштвото и за положбата на Македонското ...

Read More »

69 години од прогонството на децата бегалци од Егејска Македонија во граѓанска војна во Грција 1946 – 1949 година

  Во организација на Сојузот на Македонците од Егејот МАКЕДОН и Светскиот Македонски Конгрес, на денот на големиот подвижник, Преподобниот Свети Сисое Велики, заштитник на децата, се одржа традиционално полагање цвеќе на Споменикот на децата бегалци во Паркот Жена Борец во Скопје, карши Собранието на Македонија, за помен и спомен на 69 години од прогонството на децата Македонци од Егејскиот ...

Read More »

Албанската влада побара помош од НАТО за гасење на пожари

Според министерот за внатрешни работи, Дритан Демирај, побарана е помош од хеликоптери поради недостапните места каде што се лоцирани пожарите.„Ние сме во постојан контакт со претставниците на НАТО и надлежните во Црна Гора и Грција“, изјави Демирај за албанските медиуми. Моментално, според албанските власти, во земјата дивеат 12 големи пожари, од кои шест се со големи размери. Најпроблематични се пожарите ...

Read More »

Заеднички македонско-албански полициски патроли во Струга

Полициите од Република Македонија и Република Албанија, денеска, во полициската станица во Струга, официјално, на пригодна свеченост, ќе бидат промовирани заедничките полициски патроли составени од полициски службеници од Министерствата за внатрешни работи на двете земји.   Од друга страна,  децении и децении се најавува бродска линија од Охрид до Поградец, на албанската страна на Охридското Езеро.Пред неколку дена, на истата ...

Read More »

Македонска културна вечер во Бургас

Во организација на Културно-информативниот Центар на Република Македонија во Софија и Регионалната библиотека „П.Јаворов“, вечерва во Бургас беше организирана вечер посветена на македонската култура и уметност. Македонската културна вечер беше отворена со ликовната изложба „Поврзување” на која со свои дела работени во различни ликовни техники се претставија уметниците Маријана Иванова, Марјан Ѕин, Зоран Мише, Горан Тричковски, Иван Стоименов, Слободан Милошески, Перица Георгиев ...

Read More »

Македонците во областа Гора со нов пат Глобочица – Борје

Преставници на Општина Драгаш обласата Гора, Косово и преставници на Општина Кукс го инаугурира патот од село Глобочица областа Гора, Косово до Борје областа Гора Албанија. Инвестицијата ќе овозможи поврзување на Македонците од областа Гора. Оваа инвестиција е од буџетот на Министерството за инфраструктура на Косово.

Read More »

Македонците од Австралија за договорот со Бугарија: Ние сме понижени и национално обезличени

За Македонците и претставниците на македонските организации во Викторија и Австралија најавениот договор за добрососедство со Бугарија претставува евтина распродажба на националните македонски интереси, соопштија македонските организации во Австралија и за ова усвоија и испратија Резолуција до Собранието, Владата, претседателот на државата, МАНУ, МПЦ – ОА, политичките партии на Македонија. Во резолуцијата се вели дека Македонците од Австралија се огорчени, ...

Read More »

Првиот директен лет Доха – Скопје

Првиот редовен, директен, лет од Доха до Скопје денеска слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“. Новата рута до главниот град на Република Македонија ќе биде опслужувана четири дена неделно со воздухоплов „Ербас А320“, што има 12 седишта во бизнис и 132 во економската класа. Патниците од Доха беа пречекани со воден мост и традиционална македонска закуска. Генералниот директор на „ТАВ ...

Read More »

Прв медал за македонскиот хемиски олимписки тим

Македонскиот хемиски олимписки тим се закити со бронзен медал на 49-та Интернационална хемиска олимпијада 2017  која се одржа во Натхон Патхом, Тајланд. Ова е најдобар резултат досега, а бронзениот медал го освои Филип Трајковски, ученик во скопската гимназија „Раде Јовчевски- Корчагин“. Во тимот се и учениците Антонио Андоновски, исто така од Корчагин и Магдалена Златанова од „Јахја Кемал“, Струмица и ...

Read More »

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Бугарија

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја совлада Бугарија во контролен натпревар со 80:70 (15:11, 23:25, 19:18, 23:14), кој вечерва се одигра во арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Македонските кошаркари кои се подготвуваа за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство во 2019, ја забележаа првата победа во контролите натпревари. Против Бугарија, играта на избраниците на селекторот Давитков осцилираше во мекои ...

Read More »