Марјана Петир против промената на името: Македонците имаат свое име (ВИДЕО)

 

Пратеничката во Европскиот Парламент, Марјана Петир, преку видео обраќање, истакна дека Еу сака Македонија да биде дел од семејството. Македонија и македонскиот народ не се сами и имаат пријатели овде во Европскиот Парламент. Македонија со години трпи бројни неправедности, една по друга, кои ја оставаа вратата на ЕУ затворена за неа. Сметав тогаш, а и сега дека ЕУ се однесува неправедно кон Македонија, вели Петир.

Додава дека овие денови претседателот на ЕК ја псоетил Македонија и изразив подготвеност за преговорите што е позитивен знак, но според неа е проблем што Грците сакаат наместо прст, цела рака. Ја делам загриженоста за промена на името и идентитетот на Македонците, вели таа и додава дека Македонците имаат свое име. Се надева дека Владата ќе води сметка за народот. Петир вели дека ги охрабрува Македонците да го чуват највредното што го имаат и дека таа ќе помогне колку може.

 

Advertisement