Author Archives: Весник Илинден

Рама: Нема да го бојкотираме инаугурацијата на Илир Мета

Албанскиот премиер Еди Рама во првиот настап во медумите по изборниот триумф, потврди дека социјалистичките пратеници на 24 јули ќе присуствуваат во Парламентот на церемонијата на полагање заклетва на новиот претседател на државата Илир Мета. Тој ги демантираше информациите во дел од медумите дека социјалистите ќе ја бојкотираат инаугурацијата. Рама исто така потврди дека нов претседател на Парламентот ќе биде ...

Read More »

Началникот на Генералштабот на АРМ во официјална посета на војската на Црна Гора

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Македонија, генерал-потполковник Методија Величковски во рамка на активностите на тридневниот престој во Црна Гора во текот на денешниот ден оствари средби на највисоко воено ниво во Министерството за одбрана и Генералштабот на војската на Црна Гора. По приемот со високи воени почести, генералот Величковски имаше средба со началникот на генералштабот на војската на ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден“-Тирана – учесник на Националниот младински конгрес

Македонско друштво “Илинден”-Тирана од 05.07.2017 до 06.07.2017 година учестуваше на петиот Национален младински конгрес на Албанија што се одржа во Младинскиот центар во Тирана. По петиот пат на Националниот младински конгрес присутен беше и претседателот на Македонско друштво „Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај. Во Конгресот учествуваа 80 младински организации од целата територија на земјата, ангажирани во различни полиња на делување. Конгресот е ...

Read More »

Уапсен првиот човек на „Амнести интернешанл“ за Турција

Турската полиција уапсила 12 лица, меѓу кои е и шефот на организацијата за заштита на човековите права Амнести интернешенал (АИ) за Турција, Идил Есер.Сите биле уапсени на состанокот што се одржувал на островот Бујукуда, недалеку од Истанбул, објавија турските медиуми. Според „Хуријет“, тие биле уапсени додека биле на состанок, биле однесени во полициска станица, но причините зошто се уапсени не ...

Read More »

Северна Кореја има нов тип на ракета

Портпаролот на Пентагон, Џеф Дејвис, изјавил дека Северна Кореја пред два дена лансирала нов тип на ракета, која американските експерти досега не ја виделе. Тој објаснил дека ракетата била лансирана од подвижна рампа, од локација која се наоѓа на околу 100 километри од Пјонгјанг и која досега не се користела за вакви цели. Дејвис одбил да изнесе попрецизни карактеристики на ...

Read More »

Балкански народни песни и игри во Охрид

Во организација на Националната установа Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, Република Македонија утревечер, со почеток 20:30 часот на сцената на Долни Сарај свечено ќе биде отворено 56-то издание на Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2017. ПРОГРАМА 2017 6 ЈУЛИ (Четврток) Свечено отворање на 56-то Балканскиот фестивал на народни песни и игри 2017 7 ЈУЛИ (Петок) -Ансамбл од Поградец, ...

Read More »

Железничката мрежа во балканските држави слаба да конкурира на патниот сообраќај и транспорт

Општ е впечатокот дека инфраструктурата на транспортот во балканските простори е недоволно развиена и застарена. Оваа констатација која е резултат на обемно истражување не се однесува само на физичката инфраструктура на транспортот во балканските држави туку и на политиките кои што ги спроведуваат надлежните институции на балканските држави спрема транспортот како сектор. Токму заради оваа причина се чувствува силна потреба ...

Read More »

Албанскиот парламент со најмногу жени во демократската ера

За првпат во него има 39 пратенички, што е највисоко ниво на застапеност на жените во законодаваниот дом на Албанија од 1992 година. Во новиот албански парламент по изборите на 25 јуни, од вкупно 140 пратеници, 39 се жени или 27,85 отсто. Најмногу избранички се од редовите на Социјалистичката партија – 22, Демократската партија има 11 пратенички, Движењето за социјалистичка ...

Read More »

АРМ на меѓународната вежба „Сајбер гардијан 2017“

Вежбата која е во организација на Командата на Армијата на САД за Европа, ќе се изведува на територијата на Унгарија, Романија и Бугарија.Припадници на Армијата на Република Македонија од 11-ти до 20-ти јули ќе учествуваат на големата меѓународна вежба „Сајбер гардијан 2017“. Вежбата која е во организација на Командата на Армијата на САД за Европа, ќе се изведува на територијата ...

Read More »

Одбојкарската репрезентација на Македонија втори во Европската лига

Одбојкарската репрезентација на Македонија уште еднаш го освои сребрениот медал во Европската лига. На завршниот турнир во Данска, Македонија во финалето загуби од Украина со 1-3. Три години по ред македонските одбојкари играат во финалето на завршниот турнир во Европската лига, но за жал и во третиот обид не успеаја да стигнат до најсјајниот медал. Откако во 2015 година беа ...

Read More »