Author Archives: Весник Илинден

Славје на улиците во Газа и Израел по веста за примирјето

По две години страдање, разурнување и неизвесност, жителите на Газа и семејствата на израелските заложници ја дочекаа веста за договорот меѓу Израел и Хамас со солзи, прегратки и молитви. Палестинците и семејствата на израелските заложници излегоа на радосни прослави во четвртокот, откако беше објавено дека Израел и Хамас постигнале договор за крај на војната во Газа и за враќање на сите израелски ...

Read More »

Тоневски најавува над 160 проекти за модернизација и напредок на Пробиштип

Цел живот живеам во Пробиштип и сакам нашите деца да останат покрај нас, да им пружиме убав, среден и модерен град. За жал, во изминативе години Пробиштип стагнираше, а во одредени области и назадуваше. Се чувствува апатичност меѓу нас – жителите, и иселувањето е резултат на тоа. Локалната администрација која јас ја паметам има стручност, но тврдам дека нивниот потенцијал ...

Read More »

Култура, спорт и социјални мерки планови за Шуто Оризари од кандидатот Ѓорѓиевски

Кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денес ја посети општината Шуто Оризари, каде што ги претстави клучните проекти што се дел од неговата визија за рамномерно и современо развиен главен град. Ѓорѓиевски најави изградба на нов Културен дом „Есма Реџепова“, кој ќе биде изграден на местото на старото матично. Новиот објект, како што посочи, ќе стане центар на културниот ...

Read More »

Коњановски: Пензионерите заслужуваат внимание, почит и поддршка

Кандидатот за градоначалник на Општина Битола, Тони Коњановски, оствари средба со претставниците на Здружението на пензионери од Битола, на која се разговараше за актуелните предизвици и потреби на оваа категорија граѓани, како и за мерките што ќе придонесат за подобар квалитет на нивниот живот. Во пријатна и конструктивна атмосфера, Коњановски истакна дека пензионерите се генерација што дала многу за развојот ...

Read More »

Проданоски: Ќе го градиме Прилеп со трудот и знаењето на нашите градежници

Кандидатот за градоначалник на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, оствари средба со претставници на прилепските градежни компании, на која се разговараше за состојбите во секторот и за можностите за заедничка работа на поефикасна, транспарентна и фер градежна политика. „Градежниците се двигатели на секој развој. Тие се партнерите со кои Прилеп ќе продолжи да се гради — со уредна инфраструктура, современи населби ...

Read More »

Тошковски на отворањето на Adria Security Summit 2025: Безбедноста е темел на довербата, развојот и квалитетот на живот

Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски денеска се обрати на отворањето на јубилејното, десетто издание на Adria Security Summit, што оваа година по втор пат се одржува во Скопје. Во своето обраќање министерот Тошковски истакна дека самитот претставува најзначајна регионална платформа која ги обединува институциите, експертите и компаниите од областа на безбедноста и технологијата со цел создавање на ...

Read More »

Општина Пустец привлекува сè повеќе туристи 50 илјади посетители за девет месеци

Општина Пустец, со својата природна убавина, езерскиот предел и бројните цркви и манастири, станува сè попопуларна туристичка дестинација. „Во првите девет месеци од годинава нашата општина ја посетија околу 50 илјади туристи“, изјави за МИА градоначалник на Пустец. Освен македонските туристи, сè поголем е и бројот на посетители од различни европски држави, кои се воодушевени од убавините на регионот. Според ...

Read More »

Новите барања на САД се закана за договорот за царините со ЕУ

На новите барања од САД за отстапки гледаат како на потенцијално поткопување на неодамнешниот договор кој ги врати сојузниците од работ на трговска војна. На почетокот на месецов, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп испрати нов предлог до ЕУ за спроведување на „реципрочна, фер и балансирана“ трговија, според лица запознаени со прашањето, кои зборуваа под услов на анонимност заради приватноста ...

Read More »

МАЕИ со честитка до новоизбраниот Митрополит на Корча, Неговото Високопреосвештенство г.г. Анастаси

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, упати честитка до новоизбраниот Митрополит на Корча, Неговото Високопреосвештенство г.г. Анастаси, по повод неговиот избор и устоличување во високата и света должност. Во честитката, Стерјовски наведува дека овој избор претставува значаен момент за православните верници од Корчанскиот округ и за целата Автокефална православна црква на Албанија. Тој изразува уверување дека ...

Read More »

Четири кандидати во трката за нов шеф на СПАК

Мандатот на Алтин Думани завршува во декември, а четворица кандидати ги поднесоа своите платформи за избор на шеф на Специјалното обвинителство. Клодијан Брахо беше првиот што ја поднесе својата апликација до КЛП, додека по него своите барања ги поднесоа и Елвин Гогај, Долореза Мусабелиу и Аднанд Џоли. Алтин Думани беше избран за шеф на СПАК на 18 декември 2022 година ...

Read More »