Денес стоиме тука не само како сведоци на нашето време, туку и како чувари на една истрајна и непокорна историја – историја на еден народ кој низ вековите многу пати бил оспоруван, негиран, нападнат, но никогаш, никогаш, не бил победен, рече Васил Стерјовски, лидер на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на 67-от традиционален Илинденски ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Австралиските медиуми за Илинден пишувале дека Македонците се различни од Бугарите, Србите и од Грците
За новинарот во Сиднеј, тогашните Македонци се етнички („расно“) различни од Бугарите, Србите и од Грците. Илинден или Ден на Св. Илија — голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ. Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави ...
Read More »Стерјовски: И покрај формалното признавање, многу суштински права на Македонците во Албанија и понатаму остануваат неостварени
Лидерот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, (МАЕИ), Васил Стерјивски, во интервју за весникот „Македонија“ од Канада, пред неговиот најавен престој во Канада по повод празникот Илинден, меѓу другото се задржува на клучните човекови и малцински права на Македонците во Албанија, кои и понатаму остануваат неостварени. И покрај формалното признавање, многу суштински права на Македонците ...
Read More »Мицкоски: Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност
Премиерот на Владата на Македонија, Христијан Мицкоски упати честитка по повод Илинден. Илинден е темелот врз кој се изгради современата македонска државност. Илинден е вистината за Македонија која живее. Тоа не е само историја – тоа е жив идентитет, потсетник на стремежот за слобода, правда и сопствена држава. На овој ден се сеќаваме на храброста и жртвата на оние кои ...
Read More »Безбедни новинари: Загрижени околу предложените измени на Кривичниот законик на Албанија
Откако Министерството за правда на Албанија го објави нацрт-законот, потписниците на соопштението изјавија дека „продолжуваат внимателно да го следат развојот на ситуацијата и да подготвуваат детална правна анализа“ Мрежата „Безбедни новинари“ денеска во соопштение изрази длабока загриженост во врска со предложените измени во Кривичниот законик на Албанија и оцени дека новото регулирање на кривичните дела клевета, навреда и влијание врз ...
Read More »Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Tирана за најголемиот Македонски празник Илинден
Слика: Излет на Македонците во Тирана во 1937 година Почитувани Македонци и Македонки во Република Албанија и насекаде во светот, од име на македонско друштво “Илинден” најсрдечно Ви го честитаме Денот на Републиката, втори август и двата историски Илиндена, 121 години од Илинденското востание и 80 години од Првото заседание на АСНОМ. Нека ни е честит националниот празник Илинден и ...
Read More »Македонија: Мишко Ралев се приклучува во тимот на Орце Ѓорѓиевски за „поубаво Скопје“
Професорот и архитект Мишко Ралев е новото засилување во тимот на кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Тој најави дека академската заедница ќе игра значајна улога во визијата за напредно и современо Скопје. „Голема чест и искрена благодарност до професорот Мишко Ралев што се приклучува во мојот тим за поубаво Скопје. Со своето богато искуство, визија и интегритет, ...
Read More »Илинденско послание на Архиепископ охридски и македонски г.г. Стефан
† СТЕФАН, ПО МИЛОСТА БОЖЈА, АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ, ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД, А ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА, ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГА ДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ, ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ ЧЕДА НА МАКЕДОНСКАТА ПРАВОСЛАВНА ЦРКВА Господ е крепост на народот Свој и заштитник на спасението… Спаси го (Господи), народот Свој и благослови го наследството Свое[1]. Возљубени празникољупци, Светиот ...
Read More »Николоски: Пет нови линии од скопскиот аеродром до Стокхолм, Мадрид, Бари, Келн и Прага (ВИДЕО)
Отвораме уште пет нови авиолинии, од ноември од Скопје ќе се лета до Мадрид и Стокхолм, а од декември до Прага, Бари и Келн. Утрово го потпишавме Договорот за петте нови авиолинии кои ќе значат повеќе туристи, повеќе бизнис во Македонија и повеќе можности за сите граѓани од Македонија, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Во продолжение ...
Read More »Македонците во Преспа го одбележаа патронот на манастирот „Света Марена“ во Туминец (ФОТО)
Македонците во областа Мала Преспа го одбележаа патронот на познатиот манастир „Света Марена“ во селото Туминец. По повод денешниот празник посветен на Света великомаченица Марена – Огнена Марија, по традиција во Туминец од синоќа а посебно денеска освен жители од селата на Преспа, беа и од подрачјето на Корча. За овој празник тука секогаш се и поголемот број од поранешните жители ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden