Author Archives: Весник Илинден

Васил Стерјовски во трка за пратенички мандат

Васил Стерјовски, лидер на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) ќе биде во трка за пратенички мандат на отворената листа за пратеници на Социјалистичката партија во изборна единица Корча. Тоа врз основа на денеска постигнатиот договор со Социјалистичката партија на актуелниот премиер Еди Рама. Нашиот лидер Стерјовски е на отворената листа за пратеници на Социјалистичката партија во изборна единица Корча, ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на парламентарните избори, на 11 мај, ќе настапи на заедничка листа со владејачката Социјалистичка партија на Еди Рама. „По разговорите што ги имавме со претставници на партијата, договорен е заеднички настап на изборите со социјалистите, откако добивме гаранција дека на отоврените листи, пред сè на онаа во изборна единица Корча, ќе имаме наши кандидати. ...

Read More »

Поставен камен-темелник на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова нога“ – Преспа

По завршувањето на изградбата на македонско-грчкиот граничен премин „Маркова Нога“- Преспа за што денеска беше поставен камен-темелник, граѓаните од двете страни на границата ќе ја интезивираат културната размена, економската и туристичката соработка, истакнаа учесниците на денешната свеченост што се одржа на брегот на Преспанско Езеро, во непосредна близина на селото Долно Дупени. Според градоначалникот на Општина Ресен Јован Тозиевски, проектот ...

Read More »

Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари за проектот „Смарт Сити“ за поголема безбедност

Албанската влада ќе инвестира 118,5 милиони долари во рамки на проектот „Смарт Сити“, со цел да ја зголеми јавната безбедност и безбедноста на патиштата преку вештачка интелигенција и инсталирање на камери на патиштата, радари, камери кои полицајците ќе ги носат на нивното тело и сензори за бучава. Ова го изјави заменик министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, при презентацијата пред ...

Read More »

Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција  предводена од Демократската партија на Сали Бериша

Македонска алијанса за европска интеграција се повлече од изборната коалиција „Алијанса за величествена Албанија“ предводена од Демократската партија на Сали Бериша за изборите за албанскиот парламент на 11 мај 2025 година. Преку писмо упатено до главниот државен изборен комесар Илирјан Челибаши, побара бришење на името на Македонска алијанса за европска интеграција од оваа коалиција.

Read More »

Ние свесните Македонци тука и од другата страна на границата го имаме истиот македонски национален идентитет

Интервју со Павлос Воскопулос Филипов – борец за човековите права на Македонците во Република Грција Јас лично би сакал да просперираат независната македонска држава и нејзините граѓани. Ние свесните Македонци тука и македонскиот народ во матицата го имаме истиот македонски национален идентитет, го имаме истиот јазик. Единствената разлика е дека имаме статус на граѓани во Грција бидејќи тука живееме, тука ...

Read More »

Вицепремиерот и министер за транспрт Александар Николоски оствари средбa со Мартин Купка, министер за транспорт на Чешката Република

Вицепремиерот и министер за транспрт на Македонија, Александар Николоски денеска во рамки на работната посета на Чешката Република оствари средбa со Мартин Купка, министер за транспорт на Чешката Република. На средбата на која се потврдија добрите билатерални односи меѓу двете земји, се разговараше за реализација на транспортните политики и можноста за соработка меѓу Македонија и Чешката Република. Вицепремиерот Николоски истакна ...

Read More »

Николоски: Работиме на зајакнување на соработката со Чешка во економијата и инвестициите

Зајакнување на економската соработка, нови инвестиции и подобро поврзување меѓу Македонија и Чешка е пораката која вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска ја упати на Комитетот за економска соработка меѓу Македонија и Чешката Република, што се одржува во Прага. Тој истакна дека политичките односи меѓу двете држави се на добро ниво, но постојат можности на зголемување на економската ...

Read More »

Советот на Европа врши притисок во насока на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците во Бугарија и во Грција

Советот на Европа врши притисок во насока на спроведување на пресудите на Европскиот суд за човекови права за правата на Македонците во Бугарија и во Грција Деновиве Комитетот на министрите на Советот на Европа, извршниот орган на организацијата, на ниво на делегати расправаше за спроведувањето на пресудите на ЕСЧП, меѓу нив и за пресудата „Дом на македонската цивилизација“ и другите ...

Read More »

Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката на Македонија Гордана Сиљановска Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев, со што започна нејзината официјална посета на Република Азербејџан. Двајцата претседатели имаа тет-а-тет средба, по што ќе следи пленарен состанок на двете делегации. Ова е прва официјална посета на македонски претседател на Азербејџан.    

Read More »