Author Archives: Весник Илинден

“Омонија” обвини за неправилности во пописот во Албанија

Демократскиот сојуз на грчкото етничко малцинство во Албанија “Омонија” обвини, како што наведува,  за прекршувањето на правата на малцинствата од страна на попишувачите во текот на  пописот на населението и домовите. Преку соопштение за јавноста  “Омонија” наведува дека во областите населени со припадници на грчкото малцинство зачестиле случаите кога попишувачите “вршат емотивен притисок врз граѓаните кога тие инсистираат да им ...

Read More »

Никола Ѓурѓај за пописот: Во Република Албанија јасно е дека Бугари нема

Високи функционери од Бугарија ги посетуваат регионите каде што живеат Македонците во Албанија. Делат помош, нудат државјанства како на пазар, вели претседателот на македонското друштво “Илинден“ во Тирана. Мешањето од бугарската држава последните години и сега во време на попис во Република Албанија е зголемено и поагресивно, вели за ДВ Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво „Илинден”-Тирана и главен и одговорен уредник на ...

Read More »

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски апелира до Македонците во Албанија масовно да учествуваат во пописот

Апелирам сега кога притисоците и заканите се методот со кој Бугарија врши пропаганда, одговорот на Македонците од Албанија да биде масовност на пописот, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски говорејќи на 32-та годишна конференција на Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ во Велес. Мицкоски ги повика Македонците да бидат дел од пописот во Албанија. „Од овде, од срцето на ...

Read More »

По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има, велат Македонците во Албанија

Нас Македонците во Албанија ништо не може да не поколеба на пописот да се изјасниме она што сме, а за Бугари тоа е само идеја која попусто ја пропагираат бугарските власти и здруженија, порачуваат Македонците во Албанија. По националност сме Македонци. Какви Бугари, во Албанија ниту имало, ниту има. Нема никаков проблем, кога попишувачите ќе дојдат и ќе не прашаат ...

Read More »

Сојузот на Македонците со исламска религија ги повикува Македонците во Албанија да се попишат тоа што се-Македонци

Сојузот на Македонците со исламска религија ги повика граѓаните на Албанија, Македонци по етничка припадност а муслимани по верска припадност да не потклекнуваат под никаква закана и да се изјаснат тоа што се – Македонци. Ги повикуваме нашите сонародници во Албанија на пописот кој е во тек да не дозволат никој, ама никој и по ниедна цена да им ја ...

Read More »

Ѓурѓај за Алфа: Софија прави се за да се појават Бугари на пописот во Албанија (ВИДЕО)

Цела бугарска машинерија е впуштена во притисоци кон Македонците да се попишат како Бугари алармира претседателот на македонското здружение Илинден, со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај. Тој повикува граѓаните да се попишат како што се чуствуваат и да не “паѓаат” на заканите од страна на бугарските институции и политичари. Ѓурѓај вели дека нашинците во Албанија живеат во страв и дека ...

Read More »

Жителите на Голо Брдо со гордост велат дека зборуваат на македонски јазик, вели Дијана Петровска по своето истражување во областа Голо Брдо

Жителите на областа Голо Брдо во Албанија зборуваат на македонски дијалект. Ова е стручно и научно разработено и само ја потврдува вистината дека говорот од оваа област ја зачувал својата посебност, коегзистирајќи на дијалектно рамниште. Минатата година, Дијана Петровска, доктор по хуманистички науки – македонистика, изврши теренско истражување во областа Голо Брдо. Посети неколку села, контактираше со голем број мештани ...

Read More »

Османи до Македонците во Албанија: Пописот овозможува слободно да ја изразите вашата етничка, јазична и религиска припадност

Шефот на дипломатијата Бујар Османи во видео обраќање до Македонците кои живеат во Албанија, им порача дека овој попис им овозможува слободно да ја изразат нивната етничка, јазична, и религиска припадност. Во продолжение целосното обраќање на Османи: „Во врска со претстојниот попис на населението во Република Албанија би сакал да се обратам до вас Македонците кои живеат во Албанија. Како ...

Read More »

Груевски ги охрабрува Македонците во Албанија: Попишете се како Македонци, не слушајте разни мешетари (ВИДЕО)

Поранешниот премиер Никола Груевски, денеска во објава на Фејсбук ги охрабрува Македонците на претстојниот попис во Албанија да се попишат како Македонци и да не потпаѓаат под пропагандата на разните мешетари од некои соседни земји. Деновиве започна пописот во Албанија. Добив загрижачки пораки од Македонци во Албанија кои кога ги читам единствено ме потсетуваат на состојбите во Македонија во 19. ...

Read More »