Денес во Корча во Република Албанија ќе се одржи Четвртиот конгрес на единствената Македонска партија во Албанија – Македонска алијанса за европска интеграција. Околу 120 делегати од цела Албанија ќе усвојат ивештај за работа на Македонската партија за периодот 2019-2023 година и ќе ги изберат нејзините органи за наредниот четиригодишен мандат од 2023-2027 година. На Конгресот ќе присуствуваат претставници од ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Германската економија стагнираше во вториот квартал
Бруто домашниот производ (БДП) на Германија во вториот квартал годинава остана непроменет во однос на првиот, но во однос на истиот период лани, според сезонски прилагодените податоци, е намален за 0,2 отсто, објави државниот завод за статистика Дестатис. По слабиот зимски период, личната потрошувачка се стабилизираше во вториот квартал. Иако најголемата европска економија излезе од рецесија, резултатот – ова е ...
Read More »Николоски: НЕ!
Работата на уставната комисија покажа дека ниту еден пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата нема да гласа за уставни измени под диктат. Тоа е јасно и на 25ти Јули сите лаги на власта на СДСМ и ДУИ се распрснаа како меур од сапуница. Тој ден заврши пропагандата и се виде кои се јасните ставови на сите политички партии. Во комисија за ...
Read More »Царинските управи на Македонија и Албанија на граничниот премин Ќафасан го потпишаа последниот протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин
Директорите на царинските управи на Македонија и Албанија, Стефан Богоев и Генти Гажели денеска на граничниот премин Ќафасан го потпишаа последниот протокол за спроведување на Договорот за воспоставување на заеднички граничен премин меѓу двете земји. Како што соопштија од Царинската управа, со потпишувањето на протоколот се завршуваат и последните подготовки за воведување на one-stop-shop на овој граничен премин, со цел ...
Read More »Матицата на иселеници од Македонија ја организира единствената Научна конференција по повод 120 години од Илинденското востание
Во организација на Матицата на иселениците од Македонија на 1 август 2023 година ќе се одржи Научна конференција во чест на 120 години од Илинденското востание. Покрај тоа, ќе се одржи и трибина на која ќе говорат Македонци од Бугарија за нивната голгота со бугарските власи поради личниот ангажман за македонската кауза во Бугарија. На 2 август 2023 година во ...
Read More »Во Охрид отворена Летната школа по македонски јазик за деца на иселениците
Во организација на Агенцијата за иселеништво во Охрид започна Летната школа по македонски јазик за деца на нашите иселеници. Триесет ученици од Норвешка, Малта, Словенија, Франција, Германија, САД, Русија, Австрија и Србија следните шест дена ќе следат настава по мајчин, македонски јазик, ќе имаат спортски активности, како и посети на културно-историските знаменитости на Охрид. Учесниците на Школата ги поздрави директорот ...
Read More »Репортажа на мкд.мк за Македонците во Албанија
Разгоропадена помеѓу Националниот парк „Преспа парк“ и Преспанското езеро општина Пустец е најмала општина во Албанија со 5300 жители населена со етнички Македонци. Можеби не живеат во материјално изобилие ама горди се на својот чесен и достоинствен живот. А за живот не им треба многу. Само сакаат да имаат исти услови за развој како и сите други. И уште нешто. Нивната Македонија ...
Read More »Претседателот на Македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на претставникот на македонското национално малцинство во Комитетот за националните малцинства Фелха, и подари примероци од Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“
Претседател на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај на 24. 07. 2023 година на претставникот на македонското национално малцинство во Комитетот за националните малцинства во Република Албанија, Марјана Фелха, и подари примероци од Фото албумот „Народни носии на македонското национално малцинство во Република Албанија“ во просторите на Комитетот за националните малцинства. За одбележување е дека Фото албумот „Народни носии на македонското ...
Read More »Претседателот Стево Пендаровски ствари работна посета на општините Пустец и Подградец
Претседателот Стево Пендаровски, придружуван од сопругата Елизабета Ѓоргиевска, на покана на албанскиот претседател Бајрам Бегај, денеска оствари работна посета на Република Албанија, при што ги посети општините Пустец и Подградец. Во Глобочeни, претседателот Пендаровски и претседателот Бегај го посетија Музејот посветен на ликот и делото на албанскиот писател со македонско потекло, Стерјо Спасе. Во музејските простории, претседателите Пендаровски и Бегај ...
Read More »Претседателот Бегај и македонскиот претседател Пендаровски во работна посета на Општина Пустец и Поградец
На покана на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, во недела, 23 јули 2023 година, претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски, доаѓа во работна посета на Република Албанија. Двајцата претседатели ќе престојуваат во посета на општина Пустец, каде придружувани од локалните власти на општината и округот Корча ќе го посетат Општина Пустец и ќе се сретнат со претставници на македонското ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden