Author Archives: Весник Илинден

Бил Клинтон пристигна во Тирана

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон денеска пристигна во Тирана, со што официјално ја започна својата прва дводневна посета на Албанија. Тој нешто по 15 часот слета со авион во главниот град на Албанија, каде што доаѓа на покана на албанскиот премиер Еди Рама, а по повод Денот на независноста на САД, кој се слави на 4 јули. По изведувањето на ...

Read More »

Православните верници го слават празникот на Свети Наум Охридски – Чудотворец

Свети Наум Охридски Чудотворец (830 – 23 декември 910) – средновековен научник, писател, учител и еден од основоположниците на сесловенската и македонската писменост и просвета. Свети Наум потекнувал од богати и побожни родители, а поради љубовта кон христијанството, се откажал од наследството и се замонашил. Тој бил најмладиот ученик на светите солунски браќа Македонците Кирил и Методиј. Со нив, тој ...

Read More »

Eвропската Комисија покренува инвестициски пакет од 2,1 милијарди евра за Западен Балкан

Европската комисија денеска го промовираше новиот финансиски пакет за поддршка на 14 водечки инвестициски проекти во областа на транспортот, енергијата, животната средина, човечкиот капитал и поддршката на приватниот сектор во Западен Балкан, во вредност од 2,1 милијарди евра. Како што се наведува во соопштението објавено на веб-страницата на Европската комисија, тоа е петти инвестициски пакет во рамки на Економскиот и ...

Read More »

Шпанија од денеска го презема претседавањето со Европската Унија

Шпанија денеска од Шведска го презема ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ, соопшти Европската унија. Договорот од Лисабон (2007) утврди дека на секои 6 месеци претседавањето со Советот ротира меѓу земјите-членки на ЕУ. Со шпанското претседателство започнува новата претседателска тројка, вклучувајќи ја Белгија која ќе претседава во првата половина и Унгарија во втората половина на следната година. Триото дефинира долгорочни ...

Read More »

Директорот на КОВЗРГ учестуваше на јубилејното 30-то Генерално собрание на Светското интерпарламентарно собрание на православието

Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на свечената инаугуративна церемонија на јубилејното 30-то Генерално собрание на Светското интерпарламентарно собрание на православието. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски на ден 29. 06. 2023 година присуствуваше  на свечената инаугуративна церемонија на јубилејното 30-то Годишно генерално собрание на Светското интерпарламентарно собрание на православието, ...

Read More »

Македонија од денеска го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИE)

Македонија од денска го презема претседавањето со Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПСЈИ). nСлоганот „Премостување на поделбите, градење доверба“ ќе биде водечка тема на македонското претседавање со ПСЈИЕ, а посебен фокус, како што најавија претседателот Стево Пендаровски и шефот на дипломатијата Бујар Османи, ќе биде ставен на добрососедските односи, помирувањето, безбедноста, стабилноста, регионалната соработка и забрзувањето на евроатлантските интеграции. ...

Read More »

Македонските кошаркарски јуниори триумфираа над Израел

Македонската машка кошаркарска репрезентација до 18 години со победа го заврши настапот на Меѓународниот турнир „Боби Петковски“, совладувајќи го во третото коло Израел со убедливи 82-59. Избраниците на селекторот Андреј Апостолски Лечиќ во претходните две кола на турнирот во Гевгелија претрпеа пораз од Грција (66-93), а ја совладаа Црна Гора (70-67). Победничкиот пехар на второто издание на Меѓународниот турнир „Боби ...

Read More »

Рама за „Шпигел“: Ако муџахедините сакаат војна, мора да ја напуштат Албанија

Премиерот Еди Рама во интервју за Шпигел изјави дека муџахедините не можат да ја користат Албанија за да се борат против иранскиот режим. Припадниците на МЕК  во нашата земја се сместени повеќе години. Добредојдени се, но под услов да не ја користат Албанија како платформа за нивните политички операции. Нашите ирански гости постојано го прекршуваа овој договор. Поради тоа беше ...

Read More »

Поранешниот претседател на Уставниот суд казнет поради прикривање имот

Специјалниот првостепен суд за корупција и организиран криминал, ГЈККО, му изрече условна казна во траење од една година на поранешниот претседател на Уставниот суд, Башким Дедја, поради прикривање имот. Специјалното јавно обвинителство, СПАК побарало една година затвор, но судот одлучил казната да биде 6 месеци затвор, која била преиначена во условна казна во траење од една година. Од претседателската функција ...

Read More »