Author Archives: Весник Илинден

Мицкоски: Голема победа на ВМРО-ДПМНЕ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски прогласи победа во поголемиот дел општини по вториот круг локални избори. „Голема, голема победа на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Ако некој се сомневаше, народот покажа дека Македонија е повторно твоја. Ви благодарам мој народе. Ова е заедничка победа. Ова е победа на вербата, надежта, копнежот за иднина. Ова е победа на напатениот народ, неговите соништа ...

Read More »

Орце Ѓорѓиевски по изборната победа: Ќе се борам за подобро Скопје

Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со работа за подобрување на состојбите во главниот град. Новoизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва по изборната победа изјави дека веднаш по примопредавањето на функцијата ќе започне со работа за подобрување на состојбите во главниот град. Веднаш по ...

Read More »

Ден на жалост во Албанија за смртта на поранешниот премиер Фатос Нано

Во Албанија денес е ден на жалост за смртта на поранешниот премиер и основач на Социјалистичката партија Фатос Нано, кој почина пред два дена по тешка болест. Нано ќе биде погребан денес во Тирана. Во текот на денот на жалост, националните знамиња ќе бидат спуштени на половина копје во сите јавни и државни институции. Формирана е посебна државна комисија за ...

Read More »

Македонија гласа втор круг од локалните избори 2025

Во Македонија денеска се одржува вториот круг од Локалните избори 2025. Сите избирачки места се отворени навреме. Ќе се избираат градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје, а за советници ќе се прегласува на три избирачки места во Шуто Оризари. Право на глас во вториот круг на изборите имаат 1 013 375 гласачи. Од нив право на глас во ...

Read More »

Гласот на Македонците од Албанија громогласно одекна во Европа

Болцано, Италија: Одгласи од Конгресот на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) Македонското друштво “Илинден“ од Тирана, како член на Федералната унија на европски националности (ФУЕН) и дел од Работната група на словенските малцинства при ФУЕН, активно учествуваше во работата на конгресот на организацијата одржан од 23 до 26 октомври во Болцано, Италија Во современа Европа, каде што принципите на ...

Read More »

Резолуција за суштински демократски исчекор на Албанија и промени што ќе ги гарантираат правата на Македонците

Македонското друштво “Илинден“-Тирана лансира меѓународноправен документ со кој бара реална заштита на правата на малцинствата во Албанија Албанија одамна ја изразува својата амбиција за членство во Европската Унија. Но европската интеграција не се мери само со економски реформи или усогласување закони – таа се мери со тоа како една држава ги третира своите малцински заедници. Ако Албанија сака да биде ...

Read More »

Македонско друштво „Сонце“ учествуваше на семинар за толеранција, солидарност и културна разновидност во Хатај, Турција

Членови на Македонското друштво „Сонце“ од Република Албанија, учествуваа на меѓународен семинар што се одржа во Хатај, Турција, град познат како „Град на цивилизациите“, каде со векови заедно живеат христијани, муслимани и евреи. Претседателот на друштвото, Васил Стерјовски изјави за Македонски весник “Илинден” Стерјовски дека целта на овој собир била да ја зголеми свеста за солидарноста, толеранцијата, мирот и борбата ...

Read More »

Почина поранешниот албански премиер Фатос Нано

На 73-годишна возраст почина поранешниот албански премиер и историски лидер на Социјалистичката партија Фатос Нано, кој беше хоспитализиран во приватна болница во Тирана. Пред дваесеттина дена тој доживеа клиничка смрт (кардиореспираторен застој) дома, а бил вратен во живот од страна на тимот лекари во болницата. Имал обемно оштетување на мозокот и сите денови бил во критична состојба. Во лекарскиот тим ...

Read More »

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Ѓурѓај на средбата со Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје

Претседателот на македонското друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај на средбата со Јовица Никчевски, директор на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје, Македонија разговарале околу поддршката што Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Скопје може да ја даде за друштвото и унапредувањето на соработката во областа на културата. Чест и задоволство ми беше што имав срдечна средба со Јовица Никчевски, директор на ...

Read More »

На 13 ноември, за првпат, заедничка седница на албанската и италијанската влада

На 13 ноември во Рим ќе се одржи заедничка седница на  албанската и италијанската влада. „Ова е првпат да се одржи заедничка седница меѓу  владите на двете земји. На истата  ќе бидат потпишани неколку договори, а на крајот ќе  дадат изјава премиерите на двете земји, Еди Рама и Џорџа Мелони. Освен што ова е прва заедничка седница на владите на ...

Read More »