Во општина Охрид, денес, официјално беше извршено примопредавањето на фукцијата градоначалник меѓу новоизбраниот градоначалник Кирил Пецаков и досегашниот Константин Георгиески. Новоизбраниот градоначалник истакна дека ќе се воведе ново темпо на работа во општинската администрација и во јавните претпријатија. Од првиот ден ќе работиме посветено на решавање на сите проблеми и потребите на граѓаните. Приоритет ќе биде решавањето на сите горливи ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Фатри Фетаху се именува за претседател, Ули Халилај се именува за подпретседател на Македонско друштво “Илинден“- Огранок Голо Брдо
Дипломираниот економист, Фатри Фетаху е новиот претседател на огранокот за Голо Брдо на македонското друштво “Илинден“-Тирана, со мандат од четири години, 2021 – 2025 година. Одлука за тоа донесе претседателот на друштвото, Никола Ѓурѓај, врз основа на Статутот и согласно неговите надлежности како прв човек на друштвото. Фетаху е член на друштвото е од 2015 година, од кога активно учествува ...
Read More »Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Скопје
Данела Арсовска од денеска и официјално е новиот градоначалник на Скопје и прва жена која ќе го раководи главниот град од осамостојувањето на државата. На локалните избори 2021, Арсовска како независен кандидат победи со 28.130 гласа предност пред досегашниот градоначалник Петре Шилегов.
Read More »Прилепскиот архив откри карта на која е исцртана „Виа Ингација“ низ Македонија
Прилепскиот архив пронајде ретка и интересна мапа на која, се смета, првпат во јавноста е откриено исцртување на познатиот римски стопанско-трговски пат „Виа Игнација“ што поминува низ Македонија. Според директорката на прилепскиот архив, Елена Чагороска, станува збор за многу значајна историска карта која има обележја од многу важни историски места и знаменитости. Мапата е османлиски документ, датира од 1883 година. ...
Read More »Македонија и Македонците во географските карти
Вкупно 600 мапи на кои е прикажана Македонија денес се наоѓаат во Британската библиотека во Лондон, во Француската национална библиотека во Париз, во австриската Национална библиотека во Виена, во Државниот архив и Националната библиотека во Загреб, во Народната библиотека во Белград. Во специјалната збирка на НУБ „Климент Охридски“ се чуваат копиите обезбедени во последниве неколку децении. Картографите отсекогаш знаеле каде ...
Read More »Првиот човек на Судот за човекови права во Стразбур ја повика Бугарија да ги почитува пресудите
Општото начело е сосема јасно е секоја земја-членка на Советот на Европа е обврзана со Конвенцијата да ги спроведува пресудите на Судот. Во голем број пресуди Судот потсетува на ова начело и државата мора да ги спроведе одлуките на Судот во духот на Конвенцијата. Ова го денеска на прес-конференција го изјави претседателот на Европскиот суд за човекови права Роберт Спано ...
Read More »Мицкоски: Имаме ново парламентарно мнозинство
Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средба со лидерите на повеќе парламентарни партии. „Не чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“-напиша тој.
Read More »Министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи оствари средба со министерот за одбрана на Албанија, Нико Пелеши
Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи денеска оствари средба со министерот за одбрана на Република Албанија, Нико Пелеши, кој престојува во официјална посета на Република Македонија. На пленарниот состанок на делегациите беа разменети мислења за билатералните односи, со фокус врз соработката и сојузништвото во рамките на Северно-Атлантскиот сојуз, при што взаемно беше нагласено дека Македонија и Албанија ...
Read More »Средба на министерката за одбрана, Шекеринска со албанскиот министер за одбрана Пелеши
На покана на министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска во прва официјална посета на Македонија престојува албанскиот министер за одбрана, Нико Пелеши. Министрите Шекеринска и Пелеши на средбата во Министерството се согласија дека Македонија и Албанија како земји – сојузнички во Алијансата денес се соочуваат со поголем потенцијал и можности за развој на соработката. Во тој дух, министрите се согласија ...
Read More »Лајчак: Да започнат преговорите на ЕУ со Македонија и Албанија
Потребата Македонија и Албанија веднаш да започнат пристапни преговори со Европската унија, ја истакна специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, за време на неговото учество на шестиот „Thessalonik summit“ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина. За мене прашањето не е дали, туку кога, а како прв чекор, би препорачал да започнат, без задоцнување, пристапните ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden