Author Archives: Весник Илинден

Македонскиот aмбасадор Марковски во посета на албанскиот национален театар за опера и балет

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, денеска беше во посета на Националниот театар за опера и балет на Република Албанија, информираа од амбасадата. Марковски имаше срдечна средба со директорката  Зана Чела а потоа во нејзина придружба ја разгледа оваа значајна установа од областа на културата. Целта на средбата беше размена на мислења и идеи за соработка на оперските куќи на двете земји, ...

Read More »

ЛОТ Полиш ерлајнс ќе ја воведе првата директна авиолинија од Тирана – Варшава  

За да се прослави ова достигнување, се одржа настан насловен „Шопен се среќава со многу на меѓународниот аеродром во Тирана“ како дел од концертот организиран од ТИА, во соработка со Здружението Фредерик Шопен, Ансамблот Про Музика, Училиштето за музика, со поддршка на Амбасадата на Полска. Повеќе од 30 уметници учествуваа на концертот во транзитниот простор предводен од маестро Жани Цико. ...

Read More »

Земјотрес со јачина од 3,5 степени во Тирана

Албанија рано утринава беше потресена од земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтер, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC). Се наведува дека епицентарот бил на 23 километри југозападно од Тирана, на длабочина од 10 километри, земјотресот не предизвикал материјална штета.

Read More »

На Вселенскиот патријарх Вартоломеј му е вграден стент

На вселенскиот патријарх Вартоломеј му е ставен стент во болницата „Маунт Синај“ во Њујорк, откако се почувствувал лошо за време на неговата посета на САД, пренесоа француските медиуми. Вселенскиот патријарх денеска ќе биде отпуштен, откако ноќта ја мина во болница на Менхетен, се наведува во соопштението на Грчката православна црква во кое се нагласува дека „поставувањето стент е вообичаена процедура ...

Read More »

Македонија – Албанија гранични контроли со едно застанување

Владата денеска го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување на заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли. Според текстот на законот, станува збор за гранични контроли со едно застанување (One-stop shop), и поедноставени постапки, кои се спроведуваат на еден заеднички граничен премин. Концептот на заеднички гранични ...

Read More »

Стерјовски: Десетпати зголемана цената на огревното дрво во Преспа, силен удар за жителите

Во име на единствената македонска партија во Албанија, Македонска Алијанса за европска интеграција (МАЕИ), партискиот лидер, Васил Стерјовски, денеска на прес конференцјата одржана во Корча, ја пренесе загриженоста на жителите на македонската заедница од областа на Преспа поради поскапувањето на огревното дрво на територијата на Националниот парк „Преспа“. Поскапувањето на огревното дрво годинава тешко ги погоди жителите на Преспа кои ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари работна средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, во просторите на македонската амбасада во Тирана  денеска оствари работна средба со градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски. На средбата се разменети мислења за актуелните проблеми на Македонците во областа Мала Преспа. Договорени натамошни активности од сферата на образованието, културата, како и прашања поврзани со проекти за Македонците во областа Мала Преспа. На средбата, многу ...

Read More »

Мисијата на ОБСЕ во Скопје подготви онлајн курс за дигитална безбедност за новинарки

За да им помогне на жените во медиумскиот сектор да развијат пристапи за дигитална безбедност што ќе ги направат побезбедни на интернет, Мисијата на ОБСЕ во Скопје, Македонија го лансираше својот онлајн курс за дигитална безбедност. Курсот се фокусира на конкретни предизвици со кои се соочуваат новинарите и онлајн и офлајн, вклучувајќи закани, говор на омраза, вознемирување, заплашување, клевета и други ...

Read More »

Во Албанија денеска почна аплицирање на трета доза вакцина против Ковид-19

Денеска почна со апликација на трета доза вакцина против Ковид-19 за лица над 60-годишна возраст, кои втората доза ја примиле пред шест месеци. Вакцинацијата со трета доза ќе се врши претежно со истата вакцина, која претходно ја примиле, но може да има и алтернатива.  Исто така, од денеска може да се вакцинираат децата над 16 години и оние од 12-15 години ...

Read More »

Македонскиот амбасадор Данчо Марковски оствари средба со новиот колега Српски амбасадор во Тирана, Слободан Вукчевич

Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, во просторите на македонската амбасада во Тирана  денеска оствари средба со неговиот колега Српски амбасадор во Тирана, Слободан Вукчевич. На средбата разговарано е за повеќе прашања од интерес на двете земји и народа. Двајцата допломати се договориле во идина почесто да се среќаваат со цел реализација на активности од заеднички интерес.

Read More »