Author Archives: Весник Илинден

Обраќање на Никола Ѓурѓај, претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана и уредник на Македонски весник “Илинден” по повод десетгодишнината од првиот број на македонскиот весник “Илинден“

Добар ден почитувани пријатели, Во оваа пригода, посебна чест ми претставува да ги поздравам: Почитуваниот господин Сашко Ташулов, Министер советник во Амбасада на Република Македонија во Тиранa, Република Албанија Почитуваниот господин Лаурентиу Стинга, шеф на политичката канцеларија на  присуството на ОСБЕ во Тирана, Република Албанија Почитуваниот господин Алексеј Самсонов, советник во Амбасадата на Руска Федерација во Тирана, Република Албанија Почитуваниот ...

Read More »

Свечено одбележана десетгодишнината од првиот број на македонскиот весник “Илинден“

Во Тирана свечено беше одбележан десетгодшниот јубилеј на македонскиот весник „Илинден“, на кое се обрати главниот и одговорен уредник, Никола Ѓурѓај. Одбележуваме значаен јубилеј за македонското население во Република Албанија. Имено, пред точно десет години, на први март 2011 година како двоброј (март/април) беше испечатен првиот број од македонскиот весник „Илинден“ како гласило на Македонското друштво „Илинден“-Тирана. Поради пандемијата, одбележувањето ...

Read More »

Втора малореканска научна конференција во Бигорски

Во периодот од 5 до 9 октомври, Свештената Бигорска Обител беше домаќин на Втората малореканска научна конференција, насловена како: „По патеките на Дичо Зограф“, којашто се одржа со благослов на нашиот надлежен Митрополит г. Тимотеј Дебарско-кичевски и со благослов и иницијатива на Епископ г. Партениј, а во соработка и организација со проф. д-р Сашо Цветковски. Годинешнава конференција се посветува на ...

Read More »

Црногорската заедница во Албанија е чувар на националнниот идентитет на Црногорците во Албанија

Црна Гора и Албанија се поврзани со пријателски и братски врски, а важен дел од неа е црногорската заедница на која двете земји треба да посветат поголемо внимание, беше ценето за време на средбата на градоначалникот на Цетиње Александар Касцелан со претседателот на Црногорската заедница во Албанија Маринко Цулафиц во Елбасан. Градоначалникот на Цетиње, Касцелан на Цулафиц му го пренесе ...

Read More »

Австрискиот канцелар Курц поднесе оставка по Обвинувањата за корупција

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вечерва поднесе оставка, пренесува германски Билд. Обраќајќи се до нацијата, Курц рече дека неговата татковина е најважна за него. Австрискиот канцелар Себастијан Курц е под истрага поради сомневање за корупција по претрес на неколку министерства и канцеларии на владејачката Народна партија на Австрија (ОВП), со која тој раководи. Покрај Курц, Обвинителството за борба против корупцијата спроведе ...

Read More »

Министерката за труд и социјална политика на Македонија Јагода Шахпаска се обрати на седмиот по ред Форум за поврзување во Тирана  

Министерката за труд и социјална политика на Република Македонија Јагода Шахпаска денеска се обрати на седмиот по ред Форум за поврзување, (Tirana Connectivity Forum), кој се одржува во Тирана, под мотото „Заедно градиме подобар Балкан“, а на кој се дискутираше за Економскиот и инвестициски план на Европската унија за земјите од Западен Балкан. Министерката Шахпаска учествуваше на панел дискусијата насловена „Што ...

Read More »

Министерката за труд и социјална политика на Македонија Јагода Шахпаска оствари средба со министерката за здравство и социјални прашања на Албанија Огерта Манастирлиу

Министерката за труд и социјална политика на Република Македонија Јагода Шахпаска, попладнево во Тирана, имаше средба со министерката за здравство и социјални прашања на Албанија, Огерта Манастирлиу, присутен на средбата беше и Македонскиот Амбасадорот во Тирана, Данчо Марковски. Двете соговорнички разменија искуства за социјалните политики што двете држави ги водат за поддршка на ранливите категории на граѓани. Посебно внимание беше ...

Read More »

Да се изјасниш како Македонец во бугарски попис е „невозможна мисија“

Посебна графа „Македонец“ немало на ниту еден попис, па нема ниту сега. Има само три народности: Бугари, Турци, Роми и посебно графа „Други“, каде што теоретски би требало сам да ја одредиш народноста. Но, многу често луѓето се попишувани без нивно присуство или им се менува исказот. Не може да се знае колку Македонци денес живеат во Бугарија затоа што ...

Read More »

Светот остана без Фејсбук, Инстаграм и Ватсап

Повеќе од три часа трае прекинот во пристапноста на дел од водечките светски социјални мрежи. Не се знае што ја предизвикало хаваријата. Водечката светска социјална мрежа Фејсбук, како и нејзините платформи Инстаграм и Ватсап од понеделникот попладне по средноевропско време се недостапни за милијарди корисници ширум светот. И интерниот систем на Фејсбук, кој го користат вработените, не функционира, а системот ...

Read More »

Одбележана 78-годишнината од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ

Со пригодна свеченост денеска во дебрчкото село Црвена Вода, беше одбележана 78-годишнината од издавањето на Манифестот на АСНОМ на ГШ на НОВ и ПОМ и патронен празник на Општина Дебрца. Дебрчани се особено горди на минатото, на вечните слободарски идеали, дотолку повеќе што Манифестот на АСНОМ по своето историско значење е еднаков на Крушевскиот манифест, бидејќи сите подоцнежни асномски одлуки ...

Read More »