Author Archives: Весник Илинден

Стефан Марковски со збирката раскази „Фауст го трча плебејскиот круг“ победник на конкурсот „Книжевен круг за проза“

Со одлука на стручна комисија, Друштвото на писатели Битолски книжевен круг ги објави наградените ракописи за 2020 година, при што наградата Книжевен круг за проза припадна на ракописот „Фауст го трча плебејскиот круг“ од писателот Стефан Марковски. За збирката раскази на Марковски во освртот кон книгата, претседателката на Битолскиот книжевен круг, Елизабета Јончиќ подвлекува: „Ова дело е карактеристично по структурната ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај учестуваше на интернет заседанието на Генералното собрание на Федералната унија на европски националности

Федералната унија на европските националности (ФУЕН) го одржа своето првo Генерално собрание со интернет заседание, поради тоа што заседание на конгресот не се одржа, како што беше претходно планирано, во Горица на италијанско-словенечката граница со оглед на пандемијата со COVID – 19. „Година и пол помина од нашиот последен конгрес, со многу подеми и падови, при што пандемијата на коронавирус ...

Read More »

Македонија: Апел од Верските заедници за почитување на мерките за заштита од Ковид -19 

Комисијата за односи со верските заедници, преку медиумите, ја известува јавноста дека Црквите, верските заедници и религиозните групи споменати во Уставот, на ден 22.10.2020 година, го испраќаат следниов јавен апел до граѓаните: „Ние ‒ Црквите и верските заедници испраќаме едногласен апел до сите наши верници и до сите граѓани на нашата држава, на актуелната состојба со корона-вирусот Ковид 19 да ...

Read More »

Документарен филм на МТВ за Бигорскиот Манастир Св. Јован Крстител

По повод великиот јубелеј на Свештената Бигорска Обител: 1000 години од нејзиното основање, Македонската телевизија подготви документарен филм за Бигорски. Во продолжение ви го предлагаме краткиот вовед од авторите на филмот, а потоа и самиот документарец: „Вистински предизвик за МТВ беше да се биде дел од историската милениумска прослава на 1000 години Бигорски Манастир, а особено за нас, авторите на ...

Read More »

Албанија ќе ја отвора третата Ковид болница

Поради зголемениот број случаи со Ковид-19, на кои им е потребно болничко лекување, албанското Министерство за здравство и социјална заштита информираше дека е целосно подготвена третата Ковид болница. Отфрлајќи ги обвинувањата на опозицијата дека здравствениот систем е во колапс, министерката Огерта Манастирлиу рече дека состојбата во двете Ковид болници е под конрола. Нема колапс во здравствениот систем. Ковид не е ...

Read More »

Над 42 милиони заразени од корона вирусот во светот

Агенцијата за контрола на болести на Европската унија им се придружи на  здравствените работници за да алармира за напливот на коронавирус низ целиот континент, откако Светската здравствена организација предупреди за „експоненцијално“ зголемување на инфекциите. Дури и во земјите кои избегнаа сериозни епидемии за време на првиот бран на зараза во Европа на пролет, сега имаат зголемување на бројот на инфициарни, а бројот ...

Read More »

Обединетите нации одбележува 75 годишен јубилеј

Организацијата на обединетите нации (ООН) ја одбележува годишнината од стапувањето во сила на Повелбата на ООН, донесена во 1945 година. Со ратификувањето на овој документ од мнозинството нејзини потписнички, вклучувајќи ги и петте постојани членки на Советот за безбедност, се формира ООН. Организацијата е формирана по Втората светска војна како наследник на Лигата на народите, како платформа за интернационална дебата ...

Read More »

Неизвесно заздравувањето на албанската економија, според СБ надворешниот долг ќе порасне на 81,4 отсто

Економското закрепнување на Албанија ќе биде тешко по двата „удари“ што ги доби, оној на земјотресот на 26 ноември минатата година и пандемијата со коронавирусот. Светската банка во јуни предвиде пад на економјата за 5 отсто, но експертите веќе констатираа дека падот ќе достигне 8,4 отсто до крајот на оваа година. Овој процент е повисок од планираниот на албанските институции ...

Read More »

Почнува зимското сметање на времето

Вечерва во три часот по полноќ почнува зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот ќе се вратат еден час поназад, односно времето во три часот ќе се смета како два часот. Зимското сметање на времето ќе го применат и поголем дел од европскиот континент, освен во Исланд, Русија и Белорусија. Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври ...

Read More »

Конгресот на ФУЕН во 2021 ќе се одржи во Горица на италијанско-словенечката граница и 2022 во Талин

Конгресот на Федералната Унија на Европски националности (ФУЕН) 2021 ќе се одржи во Горица / Гориза, на италијанско-словенечката граница. Собранието на делегатите денес се согласи дека Конгресот на Федералната Унија на Европски националности (ФУЕН)  2020, кој беше планиран да се одржи во Горица / Гориза на италијанско-словенечкиот пограничен регион, ќе биде одложен за една година што ќе се организира во 2021 ...

Read More »