Author Archives: Весник Илинден

Македонските ДЕМОКРАТИ со честитка за 12 – годишнината основањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана

Македонските ДЕМОКРАТИ со честитка за 12 – годишнината основањето на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Искрено се заблагодаруваме и ја искажуваме подготвеноста за натамошна соработка. Од мое име и името на членовите на политичката партија ДЕМОКРАТИ ја честитам 12-годишнината од формирањето и успешната работа на Македонското друштво “Илинден”-Тирана. Со особено задоволство соработуваме и ќе соработуваме со сите Македонци во Албанија, а ние како ...

Read More »

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана додели Награда “Илинден” и Благодарница “Илинден” по повод дванаесетгодишнината

Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана ги додели годинешните награда “Илинден” и благодарница “Илинден” По повод дванаесетгодишнината од основањето и плодната работа на Mакедонско друштво “Илинден“-Тирана, неговите Управни органи и претседателот г-дин Никола Ѓурѓај, донесоа Одлука за доделување на Благодарници “Илинден” и Награда “Илинден”. Благодарниците и наградата се доделуваат на лица за нивните особени заслуги за ангажман и перманентните активноси во насока на ...

Read More »

10 години од смртта на Ханс – Лотар Штепан

Денес напладне, Македонската заедница во Германија положи венец на гробот на првиот германски амбасадор во независна Македонија д-р Ханс Лотар Штепан кој почина на денешен ден пред 10 години. Штепан беше еден од најголемите лобисти за вистината на Македонија и активно работеше на запознавање на европската и светската јавност со македонското прашање. Беше автор на книгата „Македонскиот јазол„ која доживеа ...

Read More »

Македонци од Егејска Македонија кои се бореле во редовите на ДАГ (Демократска армија на Грција) во Потсдам во 1949 се обраќаат на македонски јазик (ВИДЕО)

  Македонскиот активист во Грција Стилијанос Самартцис (Стиљан Самарџиев) објавува досега малку познато видео од делегацијата на Демократската Армија на Грција во Потсдам, Германија снимено на собир на комунисти од повеќе европски држави. Видеото е снимено во 1949 година. Во него зборуваат претставниците на ДАГ Костас Маxеридис и Викторија Зајку (Зајкова). Зајкова зборува на македонски јазик со превод на германски ...

Read More »

Монографија за 70-годишен јубилеј на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“

  Како резултат на 70 години постоење и работа на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“-Скопје, придружна членка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, во 2020 година е објавена монографијата „70 години 1950 – 2020“. Ова дело е во издание на Институтот, во редакција на д-р Зоранчо Малинов и д-р Катерина Петровска-Кузманова. Како што информираат од Институтот, свечената промоција ...

Read More »

Mинистерот за надворешни работи на Македонија, Османи оствари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Џачка

Во рамките на официјалната посета на Република Албанија, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Бујар Османи, оствари средба со министерката за Европа и надворешни работи на Република Албанија, Олта Џачка. Министрите отворија бројни теми од взаемен интерес за развојот на билатералните односи, за внатрешно-политичките случувања во двете земји, за соработката во НАТО, европската перспектива, регионалните иницијативи, а се зборуваше ...

Read More »

Во Прилеп се одржа 20-тиот Семакедонски собир на Македонците од сите делови под мотото „Заветот на Гоце Делчев“ (ВИДЕО)

Гоце Делчев е Македонец, а Илинденското востание македонско. Тие се нераскинлив дел од историското наследство на Македонија и не можат да бидат дел од никакви политички пазарења. Се додека за Софија Македонија е Бугарија и македонскиот јазик е дијалект на бугарскиот, овој став ќе се смета за непријателски обид Македонија да стане држава без територија и народ. Ова беа едни ...

Read More »

Г.Г Стефан: Ова што денес се случува е срамно и недостоинствено, Гоце никаде не рекол поинаку освен тоа дека се бори за слобода на Македонија

Денеска се одбележуваат 149 години од раѓањето на Гоце Делчев. По овој повод на неговото вечно почивалиште панихида одржа поглаварот на МПЦ-ОА,  Г.Г Стефан. Поглаварот на МПЦ-ОА порача дека она што денес се случува е срамно и недостоинствено алудирајќи на преговорите меѓу Македонија и Бугарија околу идентитетот на Делчев. Гоце Делчев целиот живот и се што правеше го посвети на ...

Read More »

Директорот на Центарот за управување со кризи Ангелов, на работна посета во Тирана 

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, e во работна посета во Република Албанија во рамки на спроведувањето на НАТО регионални проекти во делот на управување со кризи, заедно со стручни лица од Центарот за управување со кризи заедно со кодиректорот на проектот НАТО СПС НИКС (NATO SPS NICS), д-р Урим Вејсели. Тоа е и продолжување на соработката ...

Read More »

Електронски конјугатор на глаголи на македонски јазик

„Вигна.мк“ е нов, автоматски конјугатор на глаголи. Ваквата електронска алатка дозволува глаголска конјугација според Правописот на македонскиот јазик, а глаголите се менуваат според свршената, несвршената и двовидската парадигма. Главен истражувач на „Вигна.мк“ е Владимир Цветковски, а на интердисциплинарниот проект работеле и истражувачките Катарина Ѓурчевска Атанасовска и Соња Китановска Кимовска. Изработката на оваа електронска алатка за македонски јазик траела 5 години, почнувајќи ...

Read More »