Author Archives: Весник Илинден

МВР да ги активира изготвените и неиздадени пасоши кои се во МНР и ДКП

Владата на денешната седница го задолжи Министерството за внатрешни работи да ги активира сите изготвени и неиздадени пасоши кои се наоѓаат во Министерството за надворешни работи, како и да ги изготви и активира патните исправи на сите поднесени барања за пасоши, реализирани од страна на мобилните екипи во дипломатско конзуларните претставништва на Македонија во странство, до моментот на стапување на ...

Read More »

Најголем пад на вработеноста во Германија од обединувањето

Германија во вториот квартал од годината забележа најголем пад на вработеноста, по обединувањето на двете Германии. Според Заводот за статистика, во вториот квартал во земјата биле вработени околу 44,7 милиони луѓе. Споредено со првиот квартал, вработеноста опаднала за 618.000 работни места или за 1,4 процент.

Read More »

ЕЦБ за првпат овозможи Народната банка на Македонија да има пристап до девизна ликвидност во евра

По извршената оценка на барањето за ликвидносна поддршка поднесено од Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) позитивно одговори на барањето преку одобрување на билатерална репо-линија. На нашата централна банка ѝ е овозможено користење на ликвидносни средства во износ до 400 милиони евра, доколку има потреба од тоа, во форма на репо-трансакција за периодот до средината на следната година, или додека ...

Read More »

„Јазичен мозаик“ – нов лингвистички труд на Васил Дрвошанов

„Јазичен мозаик“ е насловен новиот лингвистички труд на Васил Дрвошанов, заедничко издание на Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ и на Книгоиздателството „Бата прес милениум“. Публикацијата содржи 43 написи распоредени во шест поглавја, поврзани со различни прашања од областа на македонската наука за јазикот, објавувани во периодиката во изминатите четириесетина години. Заеднички именител на сите прилози е истоветниот поглед на ...

Read More »

Во Калифорнија регистрирана една од највисоките температури во светот

Температура од 54,4 Целзиусови степени е регистрирана во Калифорнија од американската Национална служба за метеорологија, а официјални лица велат дека тоа можеби било едно од најжешките времиња измерено со современи инструменти. Температурата била забележана во националниот парк Долина на смртта, соопшти временската служба, потенцирајќи дека е прелиминарна и сe уште не е официјална. „Доколку се потврди, ова ќе биде највисоката ...

Read More »

Армијата на Македонија одбележува 28 години од своето постоење

На воениот стадион во Градскиот парк во Скопје утре ќе биде одбележан Денот на Армијата на Македонија, cвеченоста ќе се реализира во согласност со протоколот на Комисијата за заштита од заразни болести за одбележување државни празници. Како што најавија од Генералштабот на Армиата обраќање ќе имаат претседателот на Македонија и Врховен командант на Армијата, Стево Пендаровски, министерката за одбрана, Радмила ...

Read More »

Онлајн платформа за одржлив туризам Македонија и Албанија

Новата онлајн туристичка платформа наречена Genuine Experiences (оригинални искуства) има за цел на туристите да им понуди да бидат директни учесници и авантуристи наместо пасивни набљудувачи. Идејата и реализацијата е на стружанката Јасминка Поповска и охриѓанката Катерина Василевска, и двете со по 20 години искуство во туризмот. Тие сметаат дека туризмот на овие простори мора да се развива одржливо и ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес најостро ја осудува репресијата на Владата во Софија против Македонците во Пиринскиот дел на Македонија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) најостро ја осудува репресијата на Владата во Софија против Македонците во Пиринскиот дел на Македонија, во таа смисла заканите за приведување на Атанас Кирјаков од Благоевград, активист на забранетата Омо Илинден, на 17 август 2020 година во 10 часот да се јави во 6-та Реонска Управа на МВР во Софија, во спротивност ќе плати казна од 100 ...

Read More »

Македонија: Документарен филм како се градеше Соборниот Храм Свети Климент во Скопје

Оваа година на 12 август, беа одбележани 30 години од осветувањето на Соборниот Храм Свети Климент Охридски во Скопје, најголемата црква на МПЦ-ОА. Овој храм 30 години е Соборна црква во која се служат централните литургии за големите христијански празници. Но, како е градена оваа црква, која е нејзината историја. МТВ, сними документарен филм за 30 години од осветувањето, во ...

Read More »