Стерјовски учестуваше на отварањето на Акдемијата за човекови права и малцинствата во Корча

Секогаш се вистинско задоволство учествата на Акдемијата за човекови права и малцинствата, која што од 2012 година непрекинато ја организира Албанската група за човекови права со подршка на ОБСЕ. Првите години учествував како учесник од македонската заедница во Албанија, после имам учествувано како предавач за правата на малцинствата во Албанија, за да денеска учествувам како пратеник во албанското Собрание. – истакана Стерјовски на обраќањето пред присутните.

Академијата за човекови права – 2020 започна вчера во Корча во организација на  албанската Група за човекови права со поддршка на канцеларјта на ОБСЕ во Албанија. Поради пандемијата COVID-19, оваа година, Академијата ќе се развива преку комбинација на онлајн и теренски предавања во Корча. Во текот на оваа недела, 13 поранешни дипломци на Академијата и пет претставници на малцинствата ќе слушнат и дискутираат со претставници на клучните институции за човекови права и различности, како што се Народниот правобранител, Комесарот за заштита од дискриминација и парламентарниот поткомитет за Човекови права и странски експерти.

Теми за оваа година се

Активност на албанскиот парламент за време на пандемискиот период;

Улогата на медиумите во гарантирање на транспарентноста на институциите во рамките на рестриктивните мерки;

Изборни реформи и едукација на гласачите во пресрет на општите избори во 2021 година;

Учество на младите во донесувањето одлуки;

Вклучување на граѓанското општество во демократските случувања во земјата за време на КОВИД-19;

Родова еднаквост;

Правата на малцинствата.

Оваа година, организацијата на Академијата е овозможена преку проектот „Поддршка на парламентот и граѓанското образование во Албанија“, кој е поддржан од швајцарската влада и имплементиран од Присуството на ОБСЕ и Американскиот демократски институт, во тесна соработка со албанскиот парламент.

Advertisement