Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје во насока на реализирање на своите програмски определби, а врз основа на правилникот за критериумите, постапката и користењето на средствата на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје за стипендирање на студенти од Фармацевтскиот факултет според програмата за работа на фондацијата за 2020 година и одлуката на управниот одбор на Фондацијата „Трајче Мукаетов“ – Скопје бр. 02-22/1 ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Изложба на свештени предмети од ризницата на Бигорскиот манастир во МАНУ, во чест на 1000- годишнината
По повод големиот јубилеј 1000-годишнината од основањето на Свештената Бигорска Обител, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) во соработка со нашата богочувана Дебарско-кичевска епархија и со Бигорскиот Манастир, организираа изложба на древни икони и црковни предмети од богатата манастирска ризница. Изложбата ја отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, во присуство на претставници на Владата, дипломатскиот кор, како и митрополити ...
Read More »Европарламентот со резолуција ја критикува власта во Бугарија за македонското малцинство во Бугарија
Европратениците изгласаа резолуција со која ја изразуваат својата „недвосмислена поддршка за бугарскиот народ во нивните барања и легитимни аспирации за правда, транспарентност, одговорност и демократија“, јави МИА од Брисел. Во резолуцијата се повикуваат бугарските власти на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што се наведени и пресудите кои се однесуваат на неможноста на македонското непризнато малцинство ...
Read More »Виена го засилува прислушниот центар за Балканот
Војската на Австрија одлучила да ја обнови станицата за прислушување во Нојленгбаху на територијата на покраината Долна Австрија, а оваа инвестиција ќе ја чини 5,47 милиони евра. Оваа станица се најде во фокусот на јавноста по обелоденувањето на аферата со Едвард Сноуден, кога се откри дека преку неа се собирале и информации за американската разузнавачка служба. Станицата за прислушување се ...
Read More »Албанската Влада им ги простува сите казни на граѓаните изречени во периодот на пандемија за непочитување на мерките
Албанската Влада донесе одлука со која до 15 идниот месец ќе им бидат вратени парите наплатени на име казни, одземените лиценци за работа, возачки дозволи и возила,кои биле изречени во период на пандемија, поради непочитување на пропишаните мерки. Нормативниот акт предвидува простување на сите административни мерки од казнена природа, изречени од релевантните државни органи за кршење на правилата или подзаконските ...
Read More »Македонската фудбалска селекција го победи Косово 2 – 1
Македонската фудбалска селекција избори место во финалето од плеј-офот за пласман на ЕП преку Лигата на нации. Сениорите вечерва славеа над Косово со 2-1 и против Грузија на 12 ноември во Тбилиси ќе играат финале а победникот ќе се пласира на ЕП. Натпреварот на Арената Тодор Проески во Скопје почна одлично за македонската репрезентација. Избраниците на селекторот Игор Ангеловски го ...
Read More »У21: Македонија – Казахстан 4-1
Македонската фудбалска репрезентација од 21 година забележа убедлива победа во Казахстан, совладувајќи ја истоимената репрезентација со 4-1, полувреме 2-0 во рамките од осмата рунда во квалификациите за пласман на Европското првенство. Избраниците на селекторот Благоја Милевски од почетокот од крајот одиграа феноменален натпревар и заслужено се израдуваа на победа со која избија на второто место во групата. Добрата игра во ...
Read More »Општина Пустец ја подобрува каналската мрежа за одводнување (ФОТО)
Во земјоделството каде каналската мрежа за одводнување е од витално значење, Општина Пустец областа Мала Преспа интервенираат во подобрување на каналите за наводнување во областа Мала Преспа. Санација се состоеше во чистење на вегетација, тампонирање и бетонирање. Чистењето на каналската мрежа за одводнување се спроведува според проектот што е изработен од Општина Пустец. Во Мала Преспа живеат околу 5 700 жители, сите од македонско етничко потекло ...
Read More »Земјотрес во близина на Драч со јачина од 4.9 степени според Рихтеровата скала
Во Јадранско Море во близина на Драч синоќа 13 минути по полноќ е регистриран зeмјотрес со интензитет од 4,9 степени според Рихтеровата скала, објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ). Епицeнтарот на зeмјотресот бил на 41 километар од Тирана и 27 километри северозападно од Драч на длабочина од 10 километри.
Read More »Македонија и Албанија потпишаа договор за признавање на фитосанитарните сертификати
Македонија и Албанија денеска потпишаа договор за реципрочно признавање на фитосанитарните сертификати за земјоделски производи, што се оценува како чекор напред во олеснувањто на трговската размена на овоој вид прозводи меѓу двете земји. Договорот во Тирана го потпишаа албанскиот министер за земјоделство и рурален развој, Бледи Чучи и неговиот македонски колега Арјанит Хоџа. Денешното потпишување на Договорот за соработка на ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden