Author Archives: Весник Илинден

Историјата е учителка на животот

„… Така, во едно и исто време, во Софија, Белград и Атина, платени државни професори ‘научно‘ докажувале со изобилни и ‘неспорни‘ историски доводи дека Македонија е лулка на бугарштината, а Македонците се најчисти Бугари; дека Македонија е само Јужна Србија, а Македонците се ‘вистински јужносрбијанци‘, и дека Македонија е древногрчка провинција – населена со ‘словеногласни Грци‘. Зад таа вулгарнонаучна пропаганда ...

Read More »

Македонско друштво “Илинден”-Тирана најстрого ја осудува нај новата провокацијата на Бугарската академија на науките

Македонското друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува најновата провокација на Бугарската академија на науките со новата книга “За официјалниот јазик на Македонија” да се нарекува македонски бугарски јазик. Ниту Македонците се Бугари, ниту Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик! Македонското друштво “Илинден”-Тирана со индигнација го отфрла антимакедонизмот на Владата во Софија и Бугарската академија на науките со вакви книги, во ...

Read More »

ТАВ Македонија се подготвува за отворање на аеродормите во Скопје и Охрид

ТАВ Македонија се подготвува за отворање на аеродормите, во исчекување на точен датум и одлука од надлежните институции, кои пак се во координација со меѓународните воздухопловни власти каде се во тек активности за наоѓање најсоодветни унифицирани решенија за одвивањето на авионскиот превоз на патници. Официјална информација од Владата и надлежните воздухопловни тела чекаат и авиокомпаниите за да можат да ги ...

Read More »

Германските разузнавачи се сомневаат во тврдењата на САД дека коронавирусот потекнува од кинеска лабораторија

Извештај на германското разузнавање ги доведува во прашање обвиненијата на САД дека новиот коронавирус потекнува од кинеска лабораторија и наведува дека обвинувањата се обид да се одвлече вниманието од неуспехот на американската Влада да го спречи ширењето на вирусот во земјата, пишува весникот „Шпигел“. Во неделата, државниот секретар на САД, Мајк Помпео рече дека има „сериозни докази“ дека коронавирусот потекнува ...

Read More »

Во Албанија само осум новозаразени со Ковид-19 во последното деноноќие

Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се само осум новозаразени со Ковид-19,со што вкупниот број изнесува 850 лица,информираше Еугена Томини,од Институтот за јавно здравје. Во последните 24 часа, тестирани се 238 граѓани, за кои постои сомнение дека биле погодени од „Ковид-19“, но само кај осум од нив резултатот е позитивен. Овој месец тројно е зголемен бројот на тестирани лица. Во ...

Read More »

Албанскиот туризам поради состојбата со Ковид-19 изгубил 140 милиони евра

Првиот човек на Здружението на хотелиери и туризам во Албанија, Зак Топузи за Њуз 24 изјави дека поради пандемијата со Ковид-19 албанскиот туризам изгубил повеќе од 140 милиони евра. Додаде дека поради тоа загрозени се многу работни места во овој сектор каде „економските ефекти од коронавирусот може да траат и до три години“. Доставивме неколку барања што одговараат на барањата ...

Read More »

Демократи со поддршка за ставот на Македонското друштво “Илинден“-Тирана за изјавите на Каракачанов и Ковачев

Невидената офанзива на бугарската држава во Албанија, со цел одродување на Македонците во Албанија и нивно вештачко претставување како Бугари има за цел да „покаже“ и „докаже“ дека доколку на исток и на запад од Македонија живеа Бугари, тогаш и населението во Македонија е бугарско. За остварување на таа своја цел, бугарските политичари не се либеа јавно да ги уценува ...

Read More »

Светскиот Македонски Конгрес врв на бриселското лицемерие кон Македонија

Светскиот Македонски Конгрес (СМК) за врв на бриселското лицемерие кон Македонија го оценува ЕУ-Западен Балкан Самитот одржан на 6 мај годинава во Загреб и покрај очекувањата на марионетската влада на Заев за датум за почеток на пристапните преговори на Македонија за сојуз со Европската Унија, најавено после Заклучокот за почеток на преговорите без датум на Европскиот совет на ЕУ од ...

Read More »

Kанцеларијата на Советот на Европа во Тирана отпечати брошура на македонски јазик за Ковид -19  

Во Албанија отпечатена е брушура за Ковид-19 на македонски јазик во која се содржани сите потребни информации кои треба да се знаат за болеста и превенцијата од неа. Ја издава Институтот за јавно здравје во соработка со Министерството за здравство и социјална заштита, владиниот комитет за малцинства и комесарот против дискриминација, со финансиска подршка на Европската унија и Советот на Европа. ...

Read More »

Политичката партија Демократи најостро ги осудуваат бугарските уцени за европската перспектива на Македонија

Политичката партија ДЕМОКРАТИ ги искажува своето разочарување од непримерното однесување кон македонскиот јазик и македонската историја. Ваквиот однос е крајно штетен и ни малку не е во духот на т.н. добрососедство, кое небаре го прокламира бугарската држава. Последните изјави на бугарските челници се лицемерна уцена насочена кон национално обезличување на македонската држава и македонскиот народ. Но, она што уште повеќе ...

Read More »