Македонско друштво “Илинден”-Тирана најстрого ја осудува нај новата провокацијата на Бугарската академија на науките

Македонското друштво “Илинден”-Тирана најостро ја осудува најновата провокација на Бугарската академија на науките со новата книга “За официјалниот јазик на Северна Македонија” да се нарекува Северно македонски бугарски јазик. Ниту Македонците се Бугари, ниту Македонскиот јазик е дијалект на Бугарскиот јазик! Македонското друштво “Илинден”-Тирана со индигнација го отфрла антимакедонизмот на Владата во Софија и Бугарската академија на науките со вакви книги, во кои повторно пласира една небулозна теза, дека не постои Македонскиот јазик! Со своите скандалозни книги, Бугарската академија на науките потврдува дека воопшто не го заслужува местото во европските академи за науки.

Однесувањето на Бугарската академија на науките кон Македонскиот народ и Македонците воопшто е доказ за шовинистичкото однесување на бугарската политика од времето на Санстефанска Бугарија од 1878 година. Иронијата да биде поголема, Софија денес “се бори” против руското влијание во Бугарија, заборавајќи дека и државата Бугарија и “Санстефанска Бугарија” се производ на Руската Федерација! Македонците во Албанија отсекогаш биле Македонци, Македонците во Албанија никогаш не биле и нема да бидат Бугари! – стои во соопштението потпишано од Претседател на Македонско друштво “Илинден”-Тирана, Никола Ѓурѓај.