Author Archives: Весник Илинден

Работна средба на градоначалниците на Демир Хисар и албанскиот град Клос

Градоначалникот на Општина Демир Хисар Марјанче Стојановски оствари работна посета и средба со градоначалникот на Општина Клос Илми Хоџа, а во функција на заедничкиот прекуграничен проект „Откривањето на скриените атракции“. Од Општина Демир Хисар информираат дека на средбата се разговарало за реализација на проектот, за планот за развој на заеднички производи за туризам и подготовка на патеки за пешачење и велосипедизам на околните рурални области ...

Read More »

Македонската Алијанса упатува честитка по повод Меѓународниот Ден на мајчиниот јазик

Македонската Алијанса упатува честитка до сите браќа и сестри Македонци во Татковината и ширум светот, да го славиме нашиот древен Македонски јазик и да им покажеме уште еднаш на сите дека не постои сила која може да ни го одземе идентитетот. Сите заедно да ги славиме и паметиме нашите просветители Светите браќа Кирил и Методиј кои се заслужни за Македонската ...

Read More »

Германија: Запленети 700 килограми кокаин во Хановер

Државното биро за криминална полиција и истражното царинско биро Хановер спречиле шверц на повеќе од 700 килограми кокаин во Германија, објави вчера царинската испостава. Според истражителите, запленетата дрога има улична вредност од 50 милиони евра. Товарниот превозник, од Долна Саксонија, е под истрага од германски власти од почетокот на годинава во име на јавниот обвинител. „Германската шпедитерска компанија беше одговорна ...

Read More »

Македонско друштво „Илинден”-Тирана обезбеди донација во ИТ опрема за гимназијата во Пустец

Mакедонско друштво “Илинден”-Тирана обезбеди донација во ИТ опрема ( 6 комплет компјутери), школски маси и столови и детски списанија на македонски јазик. Оваа донација ќе биде предадена на директорот на гимназијата „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец, Трајан Ванѓеловски кој ќе ја прераспредели според потребите на учениците со цел тие да добијат поквалитетна настава на часовите по информатика. Согласно ...

Read More »

Претседателот на црногорската заедница од Албанија освари средба со директорот на Дирекција за дијаспора на Црна Гора

На 20 февруари 2020 година Претседателот на црногорската заедница од Албанија Маринко Цулафиц имаше работна средба и беше примен од директорот на Дирекција за дијаспора на Црна Гора, Предраг Митровиќ. Главни теми беа проблемите и тешкотиите со кои црногорското малцинство продолжува да се соочува во Албанија, доцнењето во спроведувањето на законот за малцинства и формирањето на Комитет за национални малцинства, со закон црногорското малцинство ќе има ...

Read More »

Честитка по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Македонското друштво „Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик 21 февруари, упатува искрена честитка до македонскато национално малцинство во Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и ...

Read More »

Грците во Германија со жестоки напади против ново формираниот и регистриран Централниот совет на Македонците во Германија

Грците во Германија со жестоки напади против ново формираниот и регистриран Централниот совет на Македонците во Германија. Грците во Германија бараат да го смени името на здружението. Напад врз македонскиот национален идентитет, штетноста на Преспанскиот договор по ова прашање и инсистирање на Грците на користење нов идентитет за Македонците (според нив треба да се нарекуваме Северномакедонци) бидејќи под „Македонци„ се подразбирало само Грци ...

Read More »

Македонија 2025 доделува шест стипендии за кариерно усовршување на извршни директори и менаџери во САД

Меѓународната невладина организација Македонија2025 го објави повикот за аплицирање на престижната Програма за извршни директори – Зафировски, преку која се доделуваат стипендии за светски познатата Келог-школа за менаџмент (Kellogg School of Management) во САД. Кандидатите ќе имаат можност да изберат помеѓу две тринеделни обуки: програма за развој на извршни директори или програма за корпоративно управување. Програмата за развој на извршни директорисе фокусира на подобро разбирање на окружувањето во ...

Read More »

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана Никола Ѓурѓај оствари средба со Проф. Мишко Џидров Проректор за настава во Универзитет „Гоце Делчев“-Штип

Претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, г-дин Никола Ѓурѓај на 14.02.2020 година во Ректоратот на Универзитет „Гоце Делчев“-Штип оствари средба со Проф. Мишко Џидров, Проректор за настава и студенти. На работната средба претседателот на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, ја информираше Проф. Мишко Џидров за најновите настани поврзани со актуелната положба на Македонците во Албанија. Воедно, Проф. Мишко Џидров беше информирана и за активностите на Македонско друштво ”Илинден”-Тирана, кое со години е ...

Read More »