Албанскиот премиер Еди Рама доби уште еден судски процес, во кој се јавува како тужител поради клевета. Овој пат тоа е против поранешниот албански претседател, екс премиер и почесен лидер на опозициската Демократска партија, Сали Бериша, кој според одлуката на судот треба на Рама да му плати 500.000 леки или околу 4.100 евра, иако Рама во својата тужба побарал двојно ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Македонија: Од 1 јануари 2020 година ослободени од царина ќе бидат малите пратки до 90 евра
Од 1 јануари 2020 година ослободени од царина ќе бидат малите пратки до 90 евра. Со донесени измени на Уредбата, се зголемува прагот на ослободување од досегашните 45 евра. Зголемувањето на прагот е во насока на спроведување на препораките на Европската комисија, како и зголемување на обемот на е-трговија во земјава. Ова е резултат на анализата за царинење на малите ...
Read More »Македонците во Егејска Македонија прославија Божик (ВИДЕО)
Македонците од Егејска Македонија се препознатливи по своите прослави за време на празниците. На нивните веселби изобилува македонска песна, се вијат ора и се пее во еден глас. Еве како изгледаше македонската прослава во Пазар за Божик./www.markukule.mk
Read More »Македонија: Драган Ковачки ќе биде технички министер за внатрешни работи
Драган Ковачки, потполковник во АРМ, е предлогот на ВМРО ДПМНЕ за министер за внатрешни работи во техничката влада што лидерот на партијата, Христијан Мицкоски му го презентира на премиерот Зоран Заев на средбата попладне во Владата, дознава Нетпрес. Тој доаѓа од АРМ и е со чин полковник, а претходно има поминато низ сите скалила. Учесник во повеќе мировни мисии на ...
Read More »Русија, Иран, и Кина одржуваат заеднички поморски вежби
Морнарицата на Иран ги започна своите први заеднички маневри со Русија и Кина во северниот дел на Индискиот Океан, јавува иранската државна телевизија. „Пораката на оваа вежба е мир, пријателство и трајна безбедност преку соработка и единство … а резултатот треба да покаже дека Иран не може да биде изолиран“, рече иранскиот адмирал на флотила, Голамреза Тахани, на државната телевизија ...
Read More »Почина Ѓорги Доцев Банев – политички затвореник суден за идеите на ВМРО и независна Македонија
По кратко боледување во Скопје, почина Ѓорѓи Доцев Банев, поранешен политички затвореник, суден поради идеите за самостојна и независна Македонија. Пеколот што го преживеал во затворите во Македонија и во бивша Југославија ќе остане сведоштво за едно време и режим во кој биле следени, репресирани, затворани сите оние што се залагале за самостојна македонска држава. Пред неколку години, професорката Виолета ...
Read More »Македонија: Оливер Спасовски ќе биде премиер на техничката влада
Претседателот на СДСМ, Зоран Заев потврди дека сегашниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски на 3. јануари ќе стане технички премиер. Министерката Царовска ќе го замени вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, кој одамна најави дека ќе се повлече од политиката. Во Министерствата за внатрешни работи и труф и социјала опозицијата ќе добие министри, а СДСМ дополниѕелни заменици министри. Одлуката ...
Read More »Руската православна црква ги прекина односите со александрискиот патријарх
Руската православна црква објави дека ги прекинува врските со православниот патријарх на Александрија и цела Африка, Теодор Втори, кој ја призна новата украинска православна црква, независна од Москва. Светиот синод на РПЦ донесе одлука дека сега е „невозможно“ да се спомене името на патријархот Теодор Втори во молитвите и да учествува во вообичаени молитви и поклоненија, се вели во соопштението ...
Read More »Екслузивно: Македонскиот јазик и официелно во службена употреба во Качарево (ФОТО)
Да ја завршиме серијата на дела под наслов “Речено-Сторено”, барем за оваа година, со следнава вест, Македонскиот јазик и официелно од оваа година во службена употреба во Качарево. Веднаш и спроведување на реченото во дело. Денес поставени првите двојазични табли. – Напиша на својот профил на Фејсбук претседателот на Националниот совет на Македонците во Србија, Борче Величковски.
Read More »ССК и Македонско Швајцарски бизнис клуб со донација за Клиниката за детски болести
Предновогодишна донација за децата во Клиниката за детски болести во Скопје, беше реализирана од страна на компаниите членови на Македонско – швајцарскиот бизнис клуб и Сојузот на стопански комори на Македонија. Јасминка Талеска, претседател на Македонско – швајцарскиот бизнис клуб истакна дека оваа акција е дел од практикувањето на општествена одговорност кај компаниите членови на Македонско -швајцарскиот бизнис клуб, како и ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden