Честитка по повод Меѓународен ден на мајчиниот јазик од Македонското друштво „Илинден“-Тирана

Македонското друштво „Илинден“-Тирана по повод одбележувањето на Меѓународен ден на мајчиниот јазик 21 февруари, упатува искрена честитка до македонскато национално малцинство во Албанија, како и до сите Македонци ширум светот. Честитајќи ви го денешниот празник, сакаме да го истакнеме значењето на образованието на мајчиниот јазик, бидејќи тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ. Знаењето и негувањето на мајчиниот македонски јазик за децата од македонскато национално малцинство во Албанија, значи и јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите културни и верски традиции. – стои во честитката потпишана од претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај.

Advertisement