Author Archives: Весник Илинден

Јони Кета нов шеф на Националното биро за истраги

Високиот обвинителски совет гласаше овој вторник за предлогот на СПАК за нов шеф на Националното биро за истраги. Со 11 гласа „за“ и без гласови „против“, Џони Кета беше назначен за директор на за 5-годишен мандат. Состанокот на КЛП се одржа во присуство на американски претставници, дел од мисијата за помош на СПАК. Седницата започна со дебати за постапката, откако ...

Read More »

Продлабочување на соработката: Мицкоски оствари средба со генерал-мајор Грегори Најт

Премиерот Христијан Мицкоски вчера оствари средба со Командантот на Националната гарда на американската сојузна држава Вермонт, генерал-мајор Грегори Најт. Во разговорот се осврнавме на продлабочување на соработката меѓу нашите институции, особено во домените на обуката, размената на искуства и поддршката во изградбата на модерни и ефикасни одбранбени капацитети, посочи Мицкоски. На средбата присуствуваа и министерот за одбрана Владо Мисајловски, амбасадорката ...

Read More »

Владини извори за Централниот Совет на Македонците во Германија потврдуват нема да се градат бегалски кампови во Македонија

Централниот Совет на Македонците во Германија, преку високи владини извори со кои имаме долгогодишни односи и целосна доверба, доби ексклузивни и прецизни информации дека разговорите меѓу Македонија и Обединетото Кралство се фокусирале само на унапредување на соработката во борбата против илегалната миграција. Овие извори категорично истакнуваат дека воопшто не постојат разговори, планови или иницијативи за враќање на одбиени азиланти од Обединетото Кралство во Македонија. Според ...

Read More »

Албанија ќе отвори уште 20 прифатни центри за мигранти во три стратешки региони

Влада официјално го одобри Националниот план за непредвидени ситуации за мешани миграциски текови за периодот 2026-2028, стратешки документ кој има за цел да ги подготви албанските институции да се справат со зголемените миграциски текови на територијата на земјата. Одлуката е донесена врз основа на член 100 од Уставот а по предлог на министерот за внатрешни работи, додека нејзиното спроведување е ...

Read More »

Честитка од МАЕИ по повод 8 Декември – Денот на Свети Климент Охридски

Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ) им го честита најголемиот духовен празник на македонскиот народ, 8 Декември, Денот на Свети Климент Охридски, првиот словенски просветител и светилник на словенската писменост. Свети Климент Охридски остави зад себе дело што го искова идентитетот и духовниот темел на македонскиот народ. Како бескомпромисен чувар на словенската писменост, основоположник на прочуената Охридска школа и наставник ...

Read More »

Зеленски: Преговорите на Украина со САД се конструктивни, но не и лесни

  Разговорите со американските претставници за мировниот план за Украина беа конструктивни, но не и лесни, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски во пресрет на планираните консултации со европските лидери во наредните денови. Зеленски во саботата разговараше со специјалниот пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, и зетот на Трамп, Џаред Кушнер, а се очекува денеска во Лондон да ...

Read More »

35 години од декемвриското студентско движење во Тирана 

Во ноќта на 8 декември 1990 година, околу 300 студенти го започнаа она што подоцна беше наречено Студентско движење на 90-тите. Тие маршираа од Студентскиот град до центарот на Тирана. Нивниот марш запре помеѓу нивниот град и булеварот во Тирана. Нивните редови растеа минута по минута, а толпата достигна илјада луѓе. И покрај појавата на полициски сили, студентите не застанаа, ...

Read More »

Честитка од претседателката Сиљановска Давкова по повод празникот Свети Климент Охридски

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова упати честитка до сите верници од православна вероисповед, по повод државниот празник Свети Климент Охридски. Денеска, на 8 Декември го чествуваме Свети Климент Охридски, нашиот најголем просветител и најверен ученик на Светите Кирил и Методиј. Споменот за охридскиот светител е врежан не само во македонската, туку и во колективната меморија на целото словенство. Како ...

Read More »

Честитка од Македонско друштво “Илинден“-Тирана по повод празникот Свети Климент Охридски 

По повод христијанскиот празник Свети Климент Охридски, македонското друштво “Илинден“-Тирана, упати честитка до Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустиниана Прима, господин,  господин Стефан и до сите Македонци каде и да се. Од мое лично име, во име на друштвото и на сите Македонци во Албанија упатуваме честитки по повод голем христијански празник, денот на Свети Климент Охридски чудотворец – учителот ...

Read More »

Свети Климент Охридски

Христијанството го има големиот свети апостол Павле како камбана на верата, а ние ги имаме и него и свети Климента. Таква била Божјата промисла, Македонија, од каде што почна апостол Павле во Европа, ги даде светите браќа Кирил и Методиј, и преку делото свети Климент и свети Наум Охридски, постана расадник на словенската црковно-просветна и книжевна дејност. Со свети апостол Павле ...

Read More »