Бала: Првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија ќе се одржи следната недела 

Координаторот на пратеничката група на албанската владејачка Социјалистичка партија, Таулант Бала, од собраниската говорница соопшти дека следната недела ќе се одржи Првата меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Албанија за преговорите, пренесува Ора њуз. Бала додаде дека сега Албанија ќе преговара со ЕУ за да стане дел од Унијата, за што постои согласност меѓу 27-те земји од Унијата.

Побарав збор за да споделам важна вест во врска со нашето патување кон членство во ЕУ што е поврзано со фактот дека постои целосна согласност меѓу 27-те земји-членки на ЕУ за одржување на Првата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ следната недела. Тоа е важен момент. Ова се случува по неколкучасовни комуникации на парламентите-членки. Амбасадорот на Чешка, со кој имав можност да комуницирам, штотуку си замина. Политичкиот договор е веќе постигнат и одржувањето на Меѓувладината конференција следната недела е факт, рече Бала од собраниската говорница.